Поголем дел од младите попрво би работеле иста или потешка физичка работа во странство отколку дома. Има и такви кои си ја пробале среќата надвор од Северна Македонија, но повторно се вратиле и побарале од своите стари газди да бидат вратени на работа. Флексибилни сме, велат претставниците на компаниите, за добрите работници вратите се секогаш отворени.