Мртви при напади со беспилотни летала во Пакистан
12 јуни 2014Два дена по големиот напад врз меѓународниот аеродром во Карачи (9.06), американските сили за безбедност за првпат годинава спроведоа еден по друг два напада со беспилотни летала во Пакистан.
При нападот во областа Северен Вазиристан убиени биле најмалку десет екстремисти, соопштија претставници на тајните служби. Три американски беспилотни летала истрелаа вкупно шест ракети во селото Дарга Манди во Северен Вазиристан. Целта на вториот напад биле исламистички борци, кои во урнатините од првиот напад барале мртви и повредени.
Областите на границата со Авганистан располагаат со широка автономија од централната влада во Исламбад и се сметаат за место каде се повлекуваат радикалните групи. САД во изминатите години таму постојано изведуваа напади со беспилотни летала. Од август 2008 година притоа биле убиени вкупно 2.000 луѓе. Од 25. декември 2013 година немаше повеќе напади со беспилотни летала.
Нападите со беспилотни летала ги оптоварија односите меѓу Вашингтон и Исламабад. Пакистанската влада ги обвинува САД дека при нападите со беспилотни летала врз талибанските борци честопати биле убиени или повредени и цивили.